- Член од
- 26 февруари 2011
- Мислења
- 210
- Поени од реакции
- 784
Па донесоа првично седум нови имиња, а објавата за вишок на играчи е од вчера. Иако прашање колку е веродостојна. Ми се чини дека самите Велковски и Здравковски веќе соопштија дека си заминуваат, а Јонус оди во Тиквеш. За останатите којзнае што ќе се покаже точно. По мене, апсолутно заслужено за сите што беа објавени за ослободени од обврските, но треба да има барем уште неколкумина. Дилема ми е единствено младиот Здравковски, кого можеа да го задржат како играч под 21 година.Убаво е што се прави чистка, ама одбраната треба уште да се појача. Требаше прво појачувања, а после отпуштања. А не обратно. На лев бек со Маневски не е појачана доволно таа позиција, Цикарски не го ни вбројувам. Единствено Пинтер ако го планираат лево, затоа што и таму знае да покрие. Десно е Јанкулов, ама стопери уште треба да се донесат. Манев или Кауан би дошле добро. Минимум двајца стопери со оглед дека Мишко е во години и една негова повреда ќе влијае многу. За напред мислам дека треба уште еден напаѓач, Ивковиќ би бил идеално решение. Средината исто треба да се појача, така да очекувам уште минимум 5-6 нови играчи. Позитивно е што Гача има конкуренција, па сега може ќе го стави прстот на чело.
Не заборавај дека и Најдовски ќе биде на располагање за пролетниот дел, така да не гледам некоја претерана потреба од уште стопери. Покритично е во офанзивата, каде засега како новитет го имаме само Спахиу.
Има најави за уште 3 нови играчи...Барем има ли најави за нови фудбалери?
Јонус веќе нашол клуб, потпишал за Тиквеш.
Да бидеме реални, со исклучок на Маневски и Цикарски, сите други новајлии се квалитет плус во однос на есеноска. За разлика од летниот преоден рок, овој досега е посериозно одработен.Намерно го имаше пишано тоа за да ги девалвира дечките од Комити, а Спахиу веќе официјално беше потпишан.
Кловн невиден, ја реши ситуацијата со Вардар, па сега ќе решава дали Америка ќе го земела Гренланд од Данска
Додека беше паднат форумов, сто играчи сменивме.
Дојдоа:
Давор Тавелски (голман)
Мите Цикарски (лев бек)
Михаил Маневски (лев бек)
Михал Пинтер (централен дефанзивец)
Георгије Јанкулов (десен бек)
Димитар Тодоровски (централна средина)
Едис Спахиу (напад)
Си заминаа (според козарот):
Давид Велковски (десен бек)
Ѓорѓе Ќосиќ (лев бек)
Дрјан Ѓуриќ (централен бек)
Мартин Блажевски (централен бек/дефанзивна средина)
Рушту Јонуз (средина)
Корејанецот (лево крило)
И неколку помлади играчи како Здравковски х2 и Марио Костов.
Сите овие си одат заслужено, едино Ѓуриќ лани имаше добра полусезона, па можеше да се задржи на таа карта. Годинава очаен од старт.
Сме за нијанса подобри од минатава полусезона, ама фалат уште еден куп крила и напаѓачи.