Фан Клуб: Вардар

Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.207
Поени од реакции
2.243
Гревови, ние у цела полусезона едвај излагавме од наша половина, тоа едвај може фаул за центаршут да ни судат не па пенал... да има статистика ко у топ лигине наши играчи контакт со топка у противнички шеснаестник вкупно имаат пет пат едвај.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
894
Поени од реакции
2.619
Спасот од свињата е да добие наредба од дпмне и да го прешалтаат во ФФМ некој член да се мота до Омерагиќ, и на негово место да дојде некој поасален.
 
Член од
10 ноември 2024
Мислења
16
Поени од реакции
126
Деновиве ја листам книгата „Знам за еден град крај езеро (струшки навивачки хроники)“ од Коста Хиохи. Има супер приказни, не само за Паткари и историјата на навивањето во Струга, туку и за ФК Караорман. Постирав некој извадок во темата Тифоманија, а еве нешто и овде, што нема врска со навивање. Нема многу врска ни со ФК Вардар, освен тоа што главен јунак во приказнава е нашиот господин извршен директор :D

*Сеќавање на Илија Ѓоргоноски - Кракери

„(...)Една друга случка на која посебно се сеќавам беше реванш-натпреварот со ФК Скопје којшто се одигруваше кај нас во Струга. Во првата полусезона нивната екипа беше исто како нас, на дното на табелата. Но, благодарение на т.н. скопска солидарност, повеќе клубови како Металург и Вардар им беа дале од своите играчи и тие се беа вивнале високо на табелата без евентуални опасности за испаѓање. Имајќи го тоа предвид, од Миленко Неделковски, кој тогаш ја обавуваше функцијата претседател на клубот, побаравме помош со тоа што ќе ни ја подарат победата и ние ќе се спасиме од испаѓање. Не само што нè одби, туку и беше крајно арогантен и вулгарен, кажувајќи неколку пцовки и вулгарности што ги навреди сите присутни во клупските простории. Па така јас, Чурка и уште неколку изреволтирани стружани го фативме крупниот Миленко и со нозете го ставивме во една машина за перење алишта. Кој стигна дрпаше и туркаше. 'Аманте луѓе!' - викаше кутар Миленко. 'Ќе се среди! Пуштете ме! Аман!' И така се смилувавме. Миленко си остана на зборот, ама и ние на нашиот, па не го исправме во машината, а си ќаривме три бода.“
 
Член од
10 ноември 2024
Мислења
16
Поени од реакции
126
Закариќ во дрес со број 6, бланко бел од предната страна, без амблем на клубот и спонзор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom