Дебело се утна работата уште на почеток со засилувањата и со поставувањето на раководните структури во клубот, од ден во ден во низа гледавме само погрешни одлуки и јасно беше дека ќе дојде до вакво нешто.
Уште изјавува оној ИДИотот дека понудиле договори на повеќе македонски играчи, само овие ги одбиле...
ШТО МИСЛЕШЕ ЌЕ ТИ ПОТПИШАТ НЕСТОРОВСКИ И НИКОЛОВ?
Никој не пие нафта, нема ни еден сериозен играч и чесен човек да си дозволи некој козар поставен на таа позиција поради пушење во партија да му изиграва газда и пред очи на сите да си прави шеми со играчи, затоа и Горазд машки и достоинствено си замина.
Од моменталнава ситуација ни еден тренер не може да не извади, кој и да се нафати да го води тимот само ќе изгори.
За жал во моментов нема спас, свињата нема намера да си отиде, кај играчите нема квалитет за ништо повеќе, веќе немаат ни желба за игра, странците не беа воопшто свесни каде доаѓаат и што стои во позадина, веројатно сега на сите им е криво што потпишаа.
Од натпревар во натпревар само ќе редиме порази и ќе расне гневот кај навивачите, вчера беше само почеток, борбата за Вардар допрва почнува.