Фан Клуб: Вардар

Член од
28 јануари 2024
Мислења
53
Поени од реакции
195
Дечки мислам дека натпреварот со воска треба да де игра во маџари пошто нашите фудбалерии имаат поголема шанса за победа
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
217
Поени од реакции
829
И Бришки после почетната еуфорија е во слободен пад на формата штом не може достојно да го замени Пато...
Па добро ја малку поинаку би го формулирал ова:)
Просторот што Бришки заедно со Пато и Дурански одлично го покриваа на Маџари против Струга, сега на поголемиот терен на Градски им беше пропуштено само на него и Дурански да пробаат да го затворат. И ја сум на ставот на Кукузел дека ни фалеше уште еден класичен играч од средината во стартни 11. Е, сега прашањето е кој во ситуација кога фалеа Пато и Панта од поодамна веќе. За Дошев сме согласни дека не е тој, а очигледно Горазд го смета истото за Мујезиновиќ и веројатно од тие причини се реши Ристовски да го стави како полушпиц.
П.С. Мартин Блажевски го заборавив, но ми се чини дека општото мнение за него исто така не е позитивно, во однос на она што може да понуди на терен...
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.173
Поени од реакции
7.335
Во кадетски категории играме финале куп денеска подобри на пенали од Брегалница,го чекаме победникот од слога искра.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.069
Поени од реакции
2.583
Во кадетски категории играме финале куп денеска подобри на пенали од Брегалница,го чекаме победникот од слога искра.
Не би било лошо ако се погоди терминот да се даде поддршка.Знам пред 4-5 години бевме на кадетите против Шкендија на теренот на ФФМ ги помочаа на терен 4:0 мислам беше па и сега со поддршка нека биде пак така.
 
Член од
27 јануари 2020
Мислења
275
Поени од реакции
367
1000012893.jpg



ЧИСТА СМЕТКА – ВЕЧНА ЉУБОВ!

Во името на В.Д. Раководството на клубот, би сакале на целокупната Вардарова јавност, да и ја честитаме големата победа која сите заедно ја извојувавме.

Поминаа речиси година дена откако народот го превзема клубот, а за сето тоа време долгот не се зголеми ниту за еден денар. Ниту за еден денар!

Од друга страна успеавме, не само да го намалиме долгот, туку и заедно со сите Вас, да ги издржиме сите финансиски предизвици и да ги обезбедиме сите неопходни средства и услови, за нормално функционирање на клубот.

Па така, со чиста совест можеме да ја соопштиме веста дека денес е исплатена вкупно десеттата исплата сезонава кон тимот. Покрај тоа, да напоменеме дека и сите останати услови и средства, во целост беа обезбедени.

Во ова лежи и причината поради која на последните неколку натпревари, одлучивме и покрај поседувањето на членската карта, секој присутен да си обезбеди и билет. Затоа што, кога ние велиме дека средствата одат за клубот – тоа навистина е така. Исто така, важно е да се знае дека не дозволивме ниту еден месец да доцни исплатата на средства.

Нашата приказна е искрена, нашиот принцип е искрен и затоа ништо нема да не поколеба во борбата за клубот!

Им благодариме на сите оние кои помагале, помагаат и ќе помагаат. Ние не забораваме, Вардар не заборава!

Воедно, ве покануваме во недела, да присуствувате на натпреварот против Воска. Ова е можеби најважниот натпревар сезонава, затоа мора сите да придонесеме за победа!⚫

#СитеЗаедноЗаКлуботНаНародот


Нека е со среќа ајде !!
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.974
Поени од реакции
41.358
Тридецениско поставување на стандарди во Македонија. За сите овие години постоење соочени со проблеми што ниедна друга група не се соочила до сега. Буквално го водат клубот и го оддржуваат во живот. Убедливо број 1 на оваа каква таква наша мак тифо сцена.

Секоја чест за Комити Скопје.:cuc:
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.173
Поени од реакции
7.335
Гниди бе, до крај сакаат да наштетат. Ајде нека им дојде крајот нека идат во историјата како најголеми гомна смрдени.
Еве ги ,кога ги гледам кои се, се ми е јасно
20240420_173147.jpg
 
Член од
17 април 2024
Мислења
645
Поени од реакции
1.554
Член од
2 декември 2022
Мислења
247
Поени од реакции
584
А зашто уопште се цимате за градски, ем трошок ем нема ефект никако , освен за дерби со Шкендија или со Пелистер во ноќен термин останатото е депресија жива
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
217
Поени од реакции
829
Аха, дека ние нели многу „сакавме“ да играме на Градски. Па нели теренот ни беше голем, терминот за користење на стадионот ни беше скап, во Маџари е подобро за правење притисок према судии/гостинска екипа и да не ги набрајам сеа сите причини што се наведоа изминативе денови. И на кого му е од полза сега цела оваа фарса и пливање во мутни води. На Вардар сигурно не...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom