БЕКВАЛАЦ: Тинте може да оди во Вардар!!!
Сензационална вест доаѓа од таборот на Работнички К. Стојан Игњатов е отстранет од првиот тим и до крајот на декември, кога му истекува договорот, шефот на стручниот штаб, Драгољуб Беквалац, не смета на неговите услуги. Според Беквалац, нарушување на клупската дисциплина е главната причина што Тинте не игра, а не дека имал повреда на половината. Инаку, неофицијално дознавме дека раководството на Работнички К нема намера во декември да му понуди нов договор на сега веќе екс капитенот и дека тој е слободен играч и може да оди каде сака.
"Стојан Игњатов - Тинте е отстранет од првиот тим и тој нема да тренира заедно со другите играчи. Не е суспендиран зошто тоа може да го стори само раководството на клубот. Сега тој е слободен играч, нека оди во некој друг клуб ако сака. Еве на пример најблиску му е Вардар па таму нека оди ако сака", револтирано ни изјави Беквалац.
А зошто Тинте не е веќе со првиот тим, самиот Беквалац образложува...
"Познато е дека кога јас дојдов во Работнички К му ја вратив капитенската лента. Имав неограничена доверба во него. Пред натпреварите со Вардар и реваншот со Зрински се случи нешто неверојатно, нешто што досега ретко ми се случило во мојата тренерска кариера. Имено, тој пред двете најважни средби во оваа полусезона одби да седи на клупата за резервни играчи. И уште ми порача дека тој ќе тренира напорно и кога јас ќе сум сметал дека заслужува да игра да го повикам а да не сметам на него како резервен играч. Замислите во каква ситуација јас се најдов, мојот капитен ја нарушува клупската дисциплина. Како капитен неговата вина се множи со два. Ниту еден фудбалер на Работнички К не смее така да се однесува, па макар бил и Игњатов. Тоа ме погоди и како човек, но и како тренер. Оваа моја одлука не е донесена во афект, размислував долго време. Го запознав и раководството на клубот кое беше во тек со настаните. Не сакавме да излеземе во јавноста од причина што не сакавме да излеземе од колосек пред тие два важни натпревари. Затоа посочувавме дека Игњатов е повреден. Тоа е моја последна одлука, а клубот нека види што ќе прави со него, тоа е домен на потесното раководство на Работнички К. Знам, свесен сум дека Тинте има огромни заслуги за успесите на клубот, но не смееше да ја нарушува дисциплината. Некои правила важат за сите, а особено најмногу за најдобрите, за капитените", истакна Драгољуб Беквалац.
Abe so kur mu e na ovoj Srbinov misli deka vardar e igracka epa:
Вардар е светоста наша, а не играчка ваша.