Фан Клуб: Вардар

Член од
3 мај 2014
Мислења
880
Поени од реакции
2.706
Каков пренос од куп и тоа со екипи од трета лига..
Македонска лига имаш секогаш на сајтот на ФФМ, затоа Вардар не пренесува како претходно на ју тјуб каналот.
Како и да е Тетовче ги стегна добро, и јасно знае кои играчи се му во прв план.
Останува да видиме понатака како ќе се одвиват работите.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
880
Поени од реакции
2.706
Најдобар играч моментално Попов, ама на Ѓорче!
Не ми е јасно сеуште како човек како Попов со никаква одговорност и дисциплина е капитен на тимот..
Со Ѓорче до сега три шанси им креира Попов со изгубени топки.[DOUBLEPOST=1535303053][/DOUBLEPOST]Кратка анализа.
Одличен резултат со оглед на играта на Вардар, и нерамниот терен во Маџари.
Гачевски, неколку интервенции на голот со кој е најзаслужен за победата на Вардар.
Новак, солидна партија, му фали добар партнер во одбранта, но сепак со неколку добри и клучни стартови за да не има шанса за Ѓорче.
Попов, катастрофално лошо прво полувреме, три изгубени топки после кои Ѓорче имаше одлични шанси. второ полувреме просчено, без испади и грешки во одбрана.
Тодоровски, солидно покриваше во одбрана, многу лошо во напад, но млад е има уште многу да учи, важна е желбата и неговата борба на терен.
Брдаровски, солидно изиграно.
Мицевски освен некоии проигрувања до одбранта во напад многу слабо, без идеја.
Битанг како и секогаш борбен и солиден,
Јуфо не знам сеуште зошто зафаќа место за странец, зоборот катастрофа не ја опишува доволно неговата игра и снаодливост на теренот.
Барсегјан еден од лидери на тимот, без кои тешко да повржеме победа во лигата.
Цветановски просечно, врз него беше направен пеналот, се трудеше,покриваше и помагаше доста и и во одбрана.
Лира, не знам исто зошто и кој го потпиша, човекот пет пати не ја допре топката.
Најдовски влезе од клупа, добро покриваше и изнесуваше топка.
Попзлатанов може многу повеќе како и Цветановски но треба време, и добри соиграчи.
Талевски истрча само неколку секунди.
Ако сумираме, не знам кој и како ги доведе играчите Лира,Јуфо,Херанц(наводно Симев, а тука е сигурно и Блашко) но да ти зафаќа место на странец таков играч еве не знам, дест пати подобри Колевски да играше напред па ништо да не прави подобар ќе е од Лира, и за Јуфо исто..
Васоски одличен резултат со оглед на квалитетот на екипата.
Искрено се надевам барем некои од Лира,Јуфо,Максимов,Херанц ќе почне да игра нешто, пошто вака не верувам секое коло да успеваме на индивидуален квалитет да вадиме добар резултат.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.484
Поени од реакции
68.992
Мизерија, дно-дна.
Реален резултат ќе беше убедлива победа на Ѓорче.
Екипа која тукушто влегла во прва лига ти вади лев бек каков што ти не си нашол 5-6 сезони. За Лира не треба да се трошат зборови. Такво морониште, ќутук невиден, не би заиграл ни за Мергимтари од Стримница. Нема никаков осет каде лета топката, се гради на сто метра од местото каде што ќе падне, во напад е целосно бескористен, не знае да отвори, не знае да заврши, не знае апсолутно ништо. Си трчка како ретард во противнички шеснаесетник, не знае ни да клизне ако треба.
Најголеми превари се напаѓачиве од Бразилските ниски лиги. Прават клипови пошто во лигата нема никаква одбрана и сите екипи негуваат напаѓачки фудбал со добри играчи во средината и нападот, па ќе дадат 5 гола на празен гол и така се продаваат. Срце да ги изеде тие што ни носат вакви играчи.
Цветаноски не го ни коментирам, јас не гледам никаков напредок кај него, дрво невидено. ВОглавно освен Битанг и Барсегјан, немаме еден играч што ќе земе дуел. Овој Јуфо патарушка, Мицевски пет метра бега од топката, Најдовски барем успеа неколку пати да задржи топка и да помине некој играч.
Тодоровски како да има 56 години, а не 18-9.
Изведува аут и со главата во земја, оди со 0 на саат, автоматски штоперот нема на кој да додаде.
Циркузи сме годинава, чиста среќа се овие бодови досега, а реално немаме ни клупа за да напредуваме.
Мене оној Манев ми фати око како поистурен на крило, ми личи на борец, а сигурно ќе погоди еден центаршут.
Би го играл како крило, Попзлатанов на другата крилна позиција, а Барсегјан напред. Или го враќаш малку Барсегјан, Максимов телето во напад.
Мора да се најде некоја солуција во средината, затоа што немаме ниеден играч што води топка...
Се си мислам дека ќе фатиме некоја црна серија, едно 15 меча без победа.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.767
Поени од реакции
12.965
Е ова веќе загрижува. До јануари да се задржиме на трето место ќе биде премија, па после со еден два океј трансфери ко битанг лани ќе се одржиме во местата за европа без проблем. Сезонава најсреќен ќе бидам ако клубот се стабилизира и видам дека имаат некоја идеја како да го водат барем на среден рок.
 
Ф

Флеш

Гостин
Само оваа врска(однос) на играчи,испадна успешен проект :P:D



Битанга-Барсегјан .....:angel::angel::angel: Циган и Ерменец
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.509
Поени од реакции
16.191
Само оваа врска(однос) на играчи,испадна успешен проект :P:D



Битанга-Барсегјан .....:angel::angel::angel: Циган и Ерменец

Кај ти текна на ова, ни Ајнштајн немаше да се сети :bravobe::bravobe::bravobe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.484
Поени од реакции
68.992
Интересно е што ниту еден друг медиум не се надоврза на овие вести.
Спортмедиа е блиска со сегашното раководство на клубот и нема извадено такво инфо. Наводно спорт1.мк биле блиски до струјата на Грне која пробувала да влезе во клубот и се надевам само дека пласираат неточни информации.
Сепак, јасно е дека многу работи не штимаат во клубот, а тоа се одразува и во перформансот на играчите. Играчите имаат многу поголема мотивација кога добиваат редовни средства, отколку кога има неизвесна состојба во клубот. Типичен пример е дуелот Пелистер-Генчкалемлер. Гостите не се ништо посилни од Пелистер, ама состојбите во клубот влијаат до толку на играчите што победија со убедливи 1-4.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom