- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.566
- Поени од реакции
- 29.164
Не ми се верува дека предпоследниот дуел го изгубивме... Ништо од титулата без пораз 

Една маса за екипата од Кратово ако може да резервираш по можност некоја випТочно девет години поминаа откако нашиот Вардар за последен пат му се радуваше на насловот во македонското фудбалско првенство. Од дното до врвот, патешествието на најтрофејниот македонски фудбалски колектив, верно го следеше македонскиот навивачки бренд, навивачката група Комити.Денеска со радост и задоволство можеме да Ви соопштиме, дека чекањето заврши. Вардар повторно е на врвот, а ние, сакаме нашата радост да ја поделиме со сите скопјани. Со оние кои својата младост ја поминаа на трбините живеејќи со црвено-црната боја, но и со оние, кои немаа време толку често да доаѓаат на стадионите, а сепак, срцето им чукаше за Вардар.
Сакаме да ја споделиме нашата радост со сите во нашиот град, кои знаат каков фудбалски бренд е името на ФК Вардар и што со години чекаа, пехарот да се врати во скопските витрини.
Затоа скопјани, а секако и навивачи и симпатизери на нашиот Вардар од цела Македонија, браќа Војводи од Тетово, пријатели од Гелзенкирхен. Со особена чест и задоволство Ве повикуваме заедно да ја прославиме титулата. Навивачката група Комити за овој специјален повод подготви досега невидено шоу.
Прославата на овогодинешната титула започнува во вторник 22 мај, по скопските улици. Ве повикуваме сите, со своите автомобили, мотори, велосипеди или пак пеш да се приклучите во најголемото навивачко кортео кое во 19 часот тргнува од последната автобуска станица бр. 5 во Ново Лисиче. Понесете ги Вашите навивачки реквизити и придружете и се на досега најдолгата навивачката колона која ќе ја направиме низ скопските улици. Кортеото, како најава за спектаклот во среда ќе ги помине сите скопски населби за во секој дом да ја пренесе радоста на скопјани, што после долги години, Вардар, конечно е на врвот.
Во среда, кога се игра и последниот натпревар од оваа сезона, ве повикуваме на трибините на стадионот во Ѓорче Петров. Натпреварот започнува во 17 часот а навивачакта група Комити подготввува огромно пиротехничко шоу, проследено со кореографија и атмосфера каква што досега не е видена на македонските прволигашки натпревари.
По завршувањето на мечот, Комити заедно со управата на ФК Вардар, Ве повикуваат сите на големата журка во Градскиот Парк. На Школка, во 20:30 часот во среда на 23 мај, започнува големата комитска фешта. Сите кои ќе одвојат време за својот Вардар, ќе уживаат во ретко видена атмосфера, која ќе кулминира кога на Школка ќе се појават играчите на Вардар заедно со Управата на клубот, стручниот штаб и долго посакуваниот пехар. Очекувајте огромно пиротехничко шоу и многу забава.
А за тоа покрај Комити ќе се погрижат и голем број музички ѕвезди. На сцената во Парк се очекуваат ВЕП дружината, Лоши Деца, Кацар, Сиги, Аго, Мизар, Сашо Гиш, Соња Тарчуовска, Дј Чваре, Дј Никифор и многу други.
Затоа Комити уште еднаш ве канат на големата фешта, на која заедно, ќе ја прославиме шестата титутла на нашиот Вардар.
Ве очекуваме..
Аха ќе им дадеме бодови, мамичето мамино нивноke tepate protiv Metalurg ili ke im gi daete bodovite?