Значи ... со сајбер се сложувам само со бројката .. друго никако
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
!
Вака сега ја фатив утакмицава од почеток зошто си дојдов со 5ка боље 5 минути пешки од автобуска до стадион отколку да ја пропуштам пола утакмица. Ова со доцнењата е резил и крајно несериозно.
Јас скоро цел меч го изгледав од неутралнава трибина (освен последните 10 минути) и баш посматрав ... прво полувреме беше далеееку послабо од второ. Највеќе ми се свиѓаше делот кога водеше дечкото со бела маица мислам дека лојал фанс пишуваше од знамињата недогледував не сум најсигурен. Ептен лоша работа е што неможат да се договорат кој да води и глупо е бе да му е*ам мајката на секои 2 минути се друг се качуваше горе како кога ќе играме фудбал у маало и замените влегуваат се мењаат на 2 гола .... башка што работава е како у кафана па ајде желботека кој и да се качеше на ограда почнуваше песна што него му се свиѓа а нема врска дали вардар биднало 1-1 и овој пее со години го чекавме моментот ... кој момент на израмнување бе ? Не е моја работа за да кажувам ама мартинчо некако како да нема авторитет и слабо ми функционира навивањево под негово водство... Во секој случај мора да си ги решат нивните меѓусебни несогласувања зошто не очекуваат квалификации за лига на шампиони а на дечкиве сме им потребни....
Е сега утакмицава ... сајбер рече дека нема пенал , али од мој агол како се виде дека на тој од брегалница идол му е касиљас... со парада ја упеца топката. Баш напротив никаква помош од судијата ни ја сереше играта со постојано сецкање. Ако треба да се бара кривец за лошото второ полувреме дефинитивно тоа е Илчо. Фураше со тројца напаѓачи Фичо, Костовски, Огбона и изгуби секаква контрола на средина на терен по што го примивме голот... После ова Илчо виде дека неиде и го извади Огбона и го стави Андреј Ацевски мислам ... Колку толку се соземаа играчиве и направија неколку шанси во низа . Е сега тука да си кажам не ме интересира зошто Огбона беше изваден не навлегувам можеби е поради спремност/неспремност на играчот тактики такви работи али Костовски потфрла од стартов на пролетниов дел и денеска според мене он требаше да искочи. Гледам го критикувавте Огбона да има килажа и ниеднаш не го кажав по име цела утакмица го викав ѓуле, мечка, ... (др. креативни надимаци) ама јас мислам дека од него може да се извади доста има простор да напредува но само ако дечкото ослабе 7-8 кг. И тој шпринт што го направи што се смееше цел стадион баш докажа дека има карактер дечкото и има желба да си добие договор кој ќе го заслужи, јас му стискам палци да му се трефне Вардар како средина, незнам за вас...! Значи Вардар пак ја зема играта во раце судијата од еднаш почна да ја сецка само кога и одговара на Брегалница а во дуелите кај што го јадеа играчиве на Вардар беше како рекламана за стикчиња ... никако да покаже фаул... Фичо како по обичај не спаси пак и така ја привршивме утакмицава , иако падна уште еден гол ама не го призна судијата.
Ме плаши реакцијата на Оса што почна да криви и падна ( ова се деси по негов старт ). И не си за ниту еден муабет од една страна не ми се свиѓаше утакмицава и играва на Вардар зошто добар дел од играчите одмараа за во Среда во Тетово а од друга страна па еве непредвидена повреда ...