Фан Клуб: Валенсија

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Одличен натпревар за Валенсија која води 2-0 против Фиорентина со головите на новите напаѓачи Солдадо и Адуриз и двата со глава, и двата по асистенциите на Висенте! :)
 

van Postar

поштен ко поштар
Член од
8 јули 2010
Мислења
173
Поени од реакции
16
Одличен натпревар за Валенсија која води 2-0 против Фиорентина со головите на новите напаѓачи Солдадо и Адуриз и двата со глава, и двата по асистенциите на Висенте! :)
Се гордеам вака што ги тепавме жабарите Фиорентина мн ми е мило кога победува Валенсија само неможев да си ја гледам а ги нема головите да ги видам барем
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Вечерва во 21:30, кога и ќе биде презентацијата на тимот за новата сезона.



Роберто Солдадо роден во Валенсија, Хуан Мата во Бургос. :) Никој не е Мадриѓанец, само играа во Мадридската школа. :smir:
Се разбравме важно што сакав да кажем ;)
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Се гордеам вака што ги тепавме жабарите Фиорентина мн ми е мило кога победува Валенсија само неможев да си ја гледам а ги нема головите да ги видам барем
Еве ги головите:

 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Одигравме екстра натпревар на Местаља која што како ми стои пак ќе биде тврдина од која гостите тешко ќе земат бодови за дома :pos2:.Уште повеќе ме радува играта на Висенте кој што полека се враќа во својата легендарна форма пред повредата... Amunt!!!
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
најдобро засилување за сезонава у Валенсија ќе биде Висенте ако заздрави целосно и продолжи вака =) исто така сакам да го видам и стариот Жоакин и така сега ја зема 7та може ќе прикаже нешто повеќе, а видов и нешто гласале играчите за капитен меѓу него и Мата, Жоакин бил изгласан, и ќе биде капитен со Цезар, Висенте и Наваро, само уште не се знае редоследот кој ќе биде прв капитен на тимот, иначе мислам ни следи интересна сезона која супер ќе ја изиграме, и ќе изненадиме многу љубители на фудбалот :P поз
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Вчера Валенсија победи и во последната пријателска средба против Лече со головите на Адуриз и Фернандез.
Голот на Адуриз:

 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
За Алексис кој скоро никогаш ништо не покажа во Валенсија, и не беше во плановите на Емери т.е. беше петти на листата на централни бекови, 5 милиони евра е одлична зделка. Сега не се знае дали ќе биде донесен некој како замена, но со оглед на краткиот рок до крајот на трансфер периодот, ќе биде тешко да се најде играч, иако ништо не е исклучено.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Валенсија во исчекување на противниците во Лигата на Шампионите​


Валенсија се враќа во Лигата на Шампионите и утревечер ќе ги дознае своите противници во групата, на ждрепката која во 18 часот ќе се одржи во Монако. Она што е јасно е дека Валенсија ќе се најде во вториот шешир, така што за противник нема да може да ги добие екипите кои се наоѓаат во истиот шешир, меѓу кои се наоѓаат Реал Мадрид, Вердер Бремен, Рома, Шахтјор, Бенфика и Олимпик Марсеј.​

Логично во првиот шешир се наоѓаат екипите кои биле најуспешни во натпреварувањето во последните пет години. Исклучувајки ја Барселона, која не може да се падне во истата група со Валенсија, можните противници доаѓаат од Англија: Челзи, Манчестер Јунајтед и Арсенал, од Италија: Милан и Интер, Германија: Баерн Минхен, како и Олимпик Лион од Франција.​

Она што одлучува дали групата ќе биде група на смртта или лесна и прифатлива, се противниците кои доаѓаат од третиот и четвртиот шешир. Грчки Панатинаикос, шкотски Глазгов Ренџерс и германски Шалке се веќе потврдени учесници во групите, а останатите екипи како Зенит, Тотенхем и Ајакс ќе се борат вечерва за последните места кои водат во Лигата на Шампионите.​

Од четвртиот шешир, кој најчесто носи и најслаб противник, Валенсија може да ги добие руските екипи Спартак и Рубин Казан, Клуј од Романија, Твенте од Холандија или Бурсаспор од Турција.​
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Емери рекол нема да се бара замена за Алексис него кај се повреди Солдадо... нема да игра 2-3 недели, али изгледа ќе биде спремен за првиот натпревар во лига на шампиони, и на Висенте договорот му истекува 2011, ако вака продолжи мора да му се понуди нов договор, почнува да импресира со неговата игра, истото го очекувам и од Жоакин
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Емери рекол нема да се бара замена за Алексис него кај се повреди Солдадо... нема да игра 2-3 недели, али изгледа ќе биде спремен за првиот натпревар во лига на шампиони, и на Висенте договорот му истекува 2011, ако вака продолжи мора да му се понуди нов договор, почнува да импресира со неговата игра, истото го очекувам и од Жоакин
Планот е да се најде надежен дефанзивец како замена на Алексис, па затоа ако не дојде некој до крајот на трансфер рокот, сигурно ќе се купи нов играч зимата.
Солдадо нема да се ризикува да игра во Малага, а во прилог му оди тоа што следната недела има пауза во првенството поради интернационалните настапи, па така сигурно ќе биде спремен за вториот натпревар против Расинг на Местаља. Затоа тука се Адуриз и Мата. :smir:
Висенте полека се враќа во својата најдобра форма, затоа што и самиот знае дека ако одигра добро договорот ќе му биде продолжен.

п.с. Хоакин, не Жоакин. Не е од Португалија или Бразил :)
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
интересна група ни падна, манчестер, глазгов и бурсаспор
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007


Како што кажав во темата за Лигата на Шампионите, типував на Јунајтед, Ренџерс и Клуж, од кои не се падна само последниот. :)
Групата е одлична. Ќе биде интересно и ќе има голема борба за првото место. Мислам дека има голема шанса Валенсија да продолжи во следната фаза.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom