Фан Клуб: Брегалница Штип

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Брегалница губи уште еден играч.

Славче Велковски кој оперираше по десната страна потпишал за Напредок.

Нешто чудно ни се случува!taga
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Во локацијата на Градскиот стадион, ЛС гледа приход од 5 милиони евра
Во локацијата на градскиот стадион, Локалната самоуправа гледа приход од 5 милиони евра. Парите, ќе се соберат откако стадионот ќе се дислоцира, а на негово место, на површина од 36. 000 м/2 ќе се изгради станбен и деловен комплекс.
Истиот предвидува 100.000 м/2 корисна површина. Од друга страна, од сегашното место, стадионот ќе се дислоцира на Суитлакот, непосредно до сегашното игралиште. Парите за изградба на новиот стадион, ќе се обезбедат од продажбата на градежното земјиште. Поради атрактивноста на локалитетот заинтересирани инвеститори за изградба на зградите , веќе има.Во меѓувреме, Локалната самоуправа подготвува промена на деталниот урбанистички план за Суитлакот и за просторот на сегашниот стадион. Откако истиот ќе помине на седница на Советот, ќе почнат контактите со потенцијалните инвеститори.


Ако биде арно ке биде, ама ако биде!:toe:

Димитровски, Мандак и Сарафинов, отстранети од ФК Брегалница
четврток, 21 јануари 2010 14:04 Драги Герасимов - Пушка
Штрајкот во ФК Брегалница е изненадувачки и е организиран од страна на неколку поединци, коi како дежурни незадоволници и во минатото имаат правено вакви ексцеси и опструкции. Ова меѓудругото во денешниот разговор го изјави претседателот на ФК Брегалница, Ване Костадиновски, коментирајќи го вчерашниот прес на фудбалерите и изјавата на Дејан Димитровски.

Во текот на изминатата сезона, неколку пати се обидуваа да издејствуваат поголем хонорар за себе, на штета на останатите фудбалери, постојано заканувајќи се дека ќе ги побунат останатите играчи. Раководството на Брегалница не потпадна под вакво влијание и метод на уцени, туку напротив согласно договореното ги подмируваше сите финансиски обврски за регуларно натпреварување на клубот и хранарините на играчите и тоа месец за месец. Со еден збор, нагласи претседателот Костадиновски, се е чисто и документирано дури и со завршната заедничка вечера, организирана на 23 декември 2009 година.



Раководството на ФК Брегалница, во Дојран за обезбедување на десетдневни подготовки
вторник, 26 јануари 2010 15:35 Драги Герасимов - Пушка
Дел од раководството на Брегалница денес престојува во Дојран со цел запознавање со понудите за изведување на евентуални подготовки. Делегацијата составена од Директорот на клубот Иле Митров, претседателот на комисијата за спорт Димитар Џонов, членот на Управниот одбор Дарко Черкезов и шефот на стручниот штаб Драган Христовски, ќе се обиде да најде најповолна можност за обезбедување пристојни десетодневни подготовки за фудбалскиот погон на штипскиот второлигаш.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Нека ни е честито денешната победа во Струмица, со резултат од 3-0.
zabava
 
Член од
29 февруари 2008
Мислења
729
Поени од реакции
6
ајде нека ни е честита и да ни се множат победи само наредно коло дома со охрид кој знае дали ке се игра на градскиот стадион оти катострофален е
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
ајде нека ни е честита и да ни се множат победи само наредно коло дома со охрид кој знае дали ке се игра на градскиот стадион оти катострофален е
Најверојатно ке се игра во Пробиштип, но сеуште не се знае!
 
Член од
29 февруари 2008
Мислења
729
Поени од реакции
6
а дома кој знае кога ке почнеме да ги гледаме на градскиот стадион:nesum::nesum::nesum::nesum:
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
29
Фаланга де ако може некое инфо за еден ваш бивши играч Стојче Крстев Кара од Неготино :helou:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Фаланга де ако може некое инфо за еден ваш бивши играч Стојче Крстев Кара од Неготино :helou:
Да не е она бекчето шо играше во Вардар Неготино?
Де потцетиме кој беше!
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
честитки за победата, па ај в година во прва лига заедно да играме!!!
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
честитки за победата, па ај в година во прва лига заедно да играме!!!
Нема ни оваа сезона.... не верувам, едино да влеземе несакајки!:kesa:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Пу, пу да не не урочам.....:kesa:

Ај нека ни е честито уште една победа, овој пат против Охрид во Струмица на неутрален терен, каде ние бевме како домакини поради проблемите со нашиот!

Брегалница - Охрид 1-0:vozbud:

Стрелец: Елвир Мандак
 

Kajgana Shop

На врв Bottom