Во локацијата на Градскиот стадион, ЛС гледа приход од 5 милиони евра
Во локацијата на градскиот стадион, Локалната самоуправа гледа приход од 5 милиони евра. Парите, ќе се соберат откако стадионот ќе се дислоцира, а на негово место, на површина од 36. 000 м/2 ќе се изгради станбен и деловен комплекс.
Истиот предвидува 100.000 м/2 корисна површина. Од друга страна, од сегашното место, стадионот ќе се дислоцира на Суитлакот, непосредно до сегашното игралиште. Парите за изградба на новиот стадион, ќе се обезбедат од продажбата на градежното земјиште. Поради атрактивноста на локалитетот заинтересирани инвеститори за изградба на зградите , веќе има.Во меѓувреме, Локалната самоуправа подготвува промена на деталниот урбанистички план за Суитлакот и за просторот на сегашниот стадион. Откако истиот ќе помине на седница на Советот, ќе почнат контактите со потенцијалните инвеститори.
Ако биде арно ке биде, ама ако биде!
Димитровски, Мандак и Сарафинов, отстранети од ФК Брегалница
четврток, 21 јануари 2010 14:04 Драги Герасимов - Пушка
Штрајкот во ФК Брегалница е изненадувачки и е организиран од страна на неколку поединци, коi како дежурни незадоволници и во минатото имаат правено вакви ексцеси и опструкции. Ова меѓудругото во денешниот разговор го изјави претседателот на ФК Брегалница, Ване Костадиновски, коментирајќи го вчерашниот прес на фудбалерите и изјавата на Дејан Димитровски.
Во текот на изминатата сезона, неколку пати се обидуваа да издејствуваат поголем хонорар за себе, на штета на останатите фудбалери, постојано заканувајќи се дека ќе ги побунат останатите играчи. Раководството на Брегалница не потпадна под вакво влијание и метод на уцени, туку напротив согласно договореното ги подмируваше сите финансиски обврски за регуларно натпреварување на клубот и хранарините на играчите и тоа месец за месец. Со еден збор, нагласи претседателот Костадиновски, се е чисто и документирано дури и со завршната заедничка вечера, организирана на 23 декември 2009 година.
Раководството на ФК Брегалница, во Дојран за обезбедување на десетдневни подготовки
вторник, 26 јануари 2010 15:35 Драги Герасимов - Пушка
Дел од раководството на Брегалница денес престојува во Дојран со цел запознавање со понудите за изведување на евентуални подготовки. Делегацијата составена од Директорот на клубот Иле Митров, претседателот на комисијата за спорт Димитар Џонов, членот на Управниот одбор Дарко Черкезов и шефот на стручниот штаб Драган Христовски, ќе се обиде да најде најповолна можност за обезбедување пристојни десетодневни подготовки за фудбалскиот погон на штипскиот второлигаш.