А што беше толку спорно во трансферот на Шахин, тоа што не знаеше управата однапред ко за Кагава или?
Со Шахин беше работата што цело време изјавуваше дека е дете од Дортмунд, дека клубот премногу му значи и ко се појавија првите шпекулации тој изјави дека „навивачите знаат како ќе се одлучам“ што нормално сите сфатија дека ќе остане. Исто така викаше негов сон е да игра со Дортмунд во ЛШ. Добро но тој ко ги даде тие изјави веќе се договорил со Реал Мадрид. Затоа тие изјави беа чиста лага. Исто така со клаузулата. Дортмунд нели го врато од Феенорд каде што беше позајмен па Шахин го продолжи договорот ама „од љубов“ према клубот бараше клаузула од 10м за да може да си оди а од тие тој лично добива 1,5м значи Дортмунд од него зеде само 8,5м. Во тоа време Дортмунд мораше тој услов да го прифати, Шахин важеше за голем талент кој и беше но сепак од толку „љубов“ према клубот ги налути сите навивачи кој се надеваа дека ќе остане, нели и поради неговите изјави.
Со Кагава друга е приказнава тој уште пред да дојде кажа дека Дортмунд е следниот чекор за него и има сон и план некојпат да игра во Англија. Значи сите знаеја дека некој ден ќе си оди. Исто така не даваше изјави дека ќе остане и никој неможеше погрешно да го сфати. Фер беше и секојпат изјавуваше дека многу му се допаѓа во Дортмунд и све но си има план дечкото и секој тоа го сфаќа. Затоа ако се вратат некој ден Кагава и Шахин да играат на Вестфален на пример во ЛШ, Кагава ќе добие аплаус а Шахин повеќе свирежи.
Иначе Боби не сум сигурен за бројките се шпекулира на 15-17м Еура фиксно а со клазули можат да достигнат 20-22м.