Што поќе Цорк демантира, то повеќе ќе се деси. Така да, во право е, пошто не е уште направен трансферот. Баерн бара 28м, Дортмунд нуди 23м, ќе се договорат за 25м. Значи Роде и Геце за Хумелс. Колку ќе вреди тоа допрва ќе видиме.
Не верував дека ќе дебелиот некојпат ќе се вратит во Дортмунд. Со оглед на потегот од Хумелс, трансферот на Геце во Баерн изгледа како багатела. Затоа не верувам дека најголемиот дел на фановите ќе има проблем со трансферот. Ама како секој трансфер, најмногу зависит од играчот колку ќе биде прифатен. Ако Геце искрено сака да ја спаси кариерата и го слуша Тухел, тогаш дебелиот може пак да експлодира. А прво ќе мора да смали килажа, Тухел ќе го реши. Лани цел тим беше штица и ослабени, така да не се думам за тоа дека Геце ќе ја врати динамиката и после самодовербата. Најмногу од се се надевам, дека ќе престане со глупостите во јавноста. Онаа акцијана на Геце со Самсунг е катастрофа за секако нарушената репутација на Геце. Мора да намали.
Сега уште Топрак и Ковачич да дојдат и да се продадат Гинтер, Куба, Субо, Лајтнер, Рамос па и Дурм, тогаш Дортмунд ќе има екстремно добар тим со фантастични таленти и јака клупа.
Се надевам само, дека Ширле нема да дојде. А ако стварно се решени за него, дека нема повеќе од 25м ЕУР да чини. Интересна е оксата Ројс - Геце - Ширле ама не го сакам Ширле во Дортмунд.[DOUBLEPOST=1468599524][/DOUBLEPOST]
Добро се сеќавам на стариот Геце, пред да го расипе Баерн. Има нешто, што во времето го сметаа подобар талент од Нејмар. Ама исто така е класичен пример на играч што не успеа да ги исполни очекувањата. Колку што е тој крив толку е и Баерн и Пеп. Морам да го бранам сега и Геце. Баерн тогаш со сета сила го донесе во Минхен. Покрај тоа што на 20 годишен му дадоа највисока плата тогаш во Баерн, му обетува дека Пеп подхитно го сака и не знам што за на крај да испадне лага. Пеп не го сакаше и не му требаше таков играч. На крај го игнорираше. Не беше Геце толку лош на старт.
Млад е уште, нека се разигра пак и ќе видиме. Потенцијалот му нема граници и се надевам дека е мотивиран да го покаже тоа.