Како еден настап е повеќе од 250 настапи објасни ми ако може? И што кур си се фатил за се што ќе пишам на темава? Ај прочитај ми го пак постот, па пробај да го разбереш. Еве Ројс нека е, Михтријан или било кој. Муабетот ми е дека Баерн ја користи секоја прилика да го понижи тимот на Дортмунд. Им земаа 2 титули и им враќаат сега на секое поле. Треба да пресече некој од раководството на Дортмунд и да го закова Хумелс на клупа цела сезона. Така бар ќе им прати порака на своите играчи. Со Левандовски да се случеше истото пред 2 сезони можеби немаше да му текне на Матс година пред истекот на договорот дека сака да доаѓа кај вас. Па и капитен го правеа. лани.
Го кажав моето мислење за Европа Лигата. Второкласен, скоро беззначаен трофеј за големите екипи. (екипите што треба да го напаѓаат ЛШ трофејот) Знам дека Дортмунд само тој го немат освоено, и им значеше на фановите, ама мене лично ништо немаше да ми значи, бидејќи сум само обичен поддржувач на Борусија.
Едит: Е да, и уште нешто. Почнува да ми станува мило што Баерн го победи Дортмунд во финалето 2013. Геце, Левандовски и Хумелс ја изгубија титулата токму од Баерн, и ќе ми биде ептен ќејф ако истиот тим не дојде до неа додека они играат таму.