Вечерва не очекува тежок меч.Не треба да летаме дека ќе ги победиме толку лесно,можно е и да изгубиме сред Камп Ноу пред 100.000 навивачи!
Ова може да се избегне само ако нашите играчи пристапат максимално концентрирани кон овој натпревар,пошто пристапот на Бернабе има беше како да играат на некоја пријателска.
Не сакам да коментирам околу составот бидејќи со Пеп не се знае до последната минута,туку јас се надевам дека нема да стартува со Кеита како деструктивец,ако биде така тогаш шансите на Реал се зголемуваат за 50%.
Ниту на Фабрегас не треба да му се даде шанса од првата минута или пак на Тиаго...туку треба да стартува Чави,после ако имаме добар резултат во второто полувреме може да влезе Цеск и да му се посака добредојде од публиката.
Во напад го сакам Алексис,неговите движења и финти фалат на Камп Ноу уште од времето на Роналдињо.
Реал ако и вечерва игра пресинг мислам дека Пеп го нашол лекот и за таа игра,но јас главната причина поради која не можевме толку да ја движиме топката во првиот натпревар,ја гледам во неиграњето на Бускетс,а на негово место Кеита делуваше изгубен,без визија што да прави со топката.
Одбраната ќе биде посигурна ако игра Пике,а верувам и Абидал би бил посмирен покрај Пике.
На крај којзнае што подготвува Пеп...но во едно сум сигурен,нема да се задоволиме со почетниот резултат и покрај тоа што имаме предност туку ќе ја бараме победата!