Пуиг и Тринкао изиграле доста добро. Додај ги Ансу и Педри и имаме доста потенцијал. Многу подобро изиграле младиве второво, другите се влечеле ко стално.
Го гледав цел меч, и можам да потврдам
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Имаше позитивни работи, една од нив дефинитивно формацијата, 4-2-3-1 играа во двете полувремиња. Ама, имаше и негативни работи, проблеми кои се веќе познати повторно пресликани, пред се во првото полувреме.
Во прво играше стандард 4-ка позади, со тоа што Серхи Роберто стартуваше како десен бек, беа доста офанзивни и он и Алба, ама во стигнувањето назад ми беа несигурни, Пиќе ми делува доста спор за ваква игра со висока одбрана, Ленгле може да се каже солиден, језда немаа којзнае колку работа затоа што претежно кај Барса беше топката. Бускетс - Алења играа double-pivot во средината, солидна партија на Алења, го имаше секаде на теренот, доста активен, енергичен, борбен во одбраната, ама искрено сеуште мислам дека е со лимитиран талент и дека не е некој на кој сериозно може да се смета. Бускетс, џабе сето знаење, ПРЕСПОР е, играа против третолигаши а овој се мачеше да стигне да покрие, да одземе некоја топка е мисловна именка, дури и за голот би рекол дека он лошо затвори. Дефинитивно отиде возот за него, пре би го пробал како штопер, едноставно не може да игра среден ред. Во офанзивата позитивно изненади Педри, одличен со топка, брз, почна како ЦАМ додека Меси не му се убута во средина па се префрлаше често десно, ама дефинитивно е огромен потенцијал. Дембеле беше доста добар лево, активен, иако мислам дека му фали самодоверба, што е нормално со оглед на повредите. И доаѓаме до проблемот во нападот, Меси и Гризман. Меси на хартија требаше да игра десно, ама имаше огромна слобода и пречесто влегуваше во средина, се извлекуваше длабоко да прими топка, и многу ретко беше во опасна ситуација пред гол, повеќе како плејмејкер играше, ама иако е пријателска, огромна незаинтересираност покажа, не се ни потруди да покрие нешто дефанзивно, и искрено не знам на која позиција би се сместил за да не трпи тимот. Гризман играше како 9-ка, ама се мачеше да се поврзе, да направи некое проигрување, да влета во простор.. Се трудеше, ама ич не успева да се снајде на стилот на игра.
Во второ скроз друга прича, Семедо и Фирпо преактивни и енергични, постојано напред-назад, Араухо позитивно ме изненади, одличен е физички. Средниот ред класи подобар, Де Јонг е играчина, цела игра ја контролираше, одличен беше во тандем со Рики, и двајцата покриваа многу и ја држеа играта, мислам дека и на Пјаниќ би му одговарала ваква формација и игра во тандем со Де Јонг, баш сакам да ги видам заедно на терен. Кутињо си играше на 10-ка и беше супер офанзивно, Тринкао покажува огромен потенцијал, преактивен, продорен, неколку убави проигрувања подели. Дури и лево тој младиот Конрад од Б-тимот изненади, супер утакмица изигра и добри утрчувања имаше. Брајтвајт би кажал солиден, ама не е играч за Барса, освен како тешка резерва.
Сума сумарум, стварно не знам како би ја вклопил офанзивната 4-ка Куман, за двојката во средина сум прилично сигурен дека Пјаниќ - Де Јонг ќе бидат сигурни стартери, се надевам нема да трпи Рики и ќе добива минутажа на сметка на Пјаниќ. Ама пред нив ќе биде каша попара. Меси на десно крило за мене е глупост, не покрива воопшто во одбрана, како 10-ка веројатно е подобра опција ама така го губиме Кутињо, мислам дека единствена опција е лажна 9-ка за тимов да биде функционален, ама така ќе трпи Гризман.. Стварно не знам колку ќе му се игра фудбал на Меси и колку ќе се залага, ама во второ полувреме играта беше класи подобра и потечна, побрза, и пак старата гарда е проблемот..