Да не си праиме филмови, Сити сигурно нема да даде пари за трансфер на Меси.. значи ги ебат сите правила и фифа и уефа и плус ако му дадат 50 милиони евра плата нето тоа би било премногу за 33 годишен играч. Јес дека станува збор за најдобриот во историјата, ама работата е што не можат да си го дозволат тоа.
Ако веќе е решен Меси да си оди, а сигурно е, ќе направи се да си оди free... Јасно му е и на него дека нема да даде никој толку пари, плус корона тајм е.
Последна опција е менување на играчи, ама и тоа не верувам да се деси.
Поверојатно ми е да се прошета Меси сезонава и другата да оди без пари.
Ако веќе мора да се бира играчи интересно ќе биде на колку пари ќе го проценат Меси, а на колку нивните играчи.
Мое мислење е дека Е.Гарсија и Ангелино или како и да се чита, сигурно ќе бидат вклучени, за да дигнат цена, пошо ем се на позиции што сакаме да покриеме, ем шпанци... и плус еден од Г.Хесус или Б.Силва.
Де Брујн во ни еден случај нема да дојде, тоа е нормално.
И па ќе напоменам, не верувам во ова сценарио.
Следува многу бурен период, како и да е.