УНИЦЕФ останува на дресот. Се разгледуваат овие три опции:
Искрено највеќе ми се свиѓа втората опција.
Кога веќе им плаќаме на уницеф 2 милиони годишно за да го носиме нивното лого не мора да пишува УНИЦЕФ под логото. Доволно е само логото.
Сега конечно ми е јасно зошто Росел „режираше“ финансиска криза во Барса. Мислев дека пробува само да го оцрни Лапорта ама он уствари си барал изговор за потшишување спонзор. Не можам да кажам дека сум претерано лут на ова одлука. Не ми е мило што дресот е рекламо пано, ама да и онака веќе пишуваше УНИЦЕФ на дресот. Сега барем пари ќе земаат од тоа што го пишува.
На крај, неизбежно беше дека еден ден ќе мора да се стави спонзор на дресот. Мило ми е што Росел направи одлична бизнис зделка и го продаде дресот по најголема можна цена во светот.