Абе реално мораа летово да купуваат, после минатата сезона јасно им беше и нив дека ова лето ќе мора да се купува на големо, плус на тоа додај го трансфер банот кој најверојатно ќе го има клубов наредно лето.
Ќе беше се пофеноменално ако место Санчез си отидеше Педро, ама па од друга страна жално е играч како Санчез да гледаш како седи на клупа во поглемиот дел од сезоната, оти јасно е која ќе биде напаѓачката тројка сезонава (барем од крајот на октомври).
Како и да е, овака веќе може да кажеме дека сме конкурентни на сите три полиња, Чави ќе остане, ќе има замена во средина, Дани да успеат да го задржат, Квадрадо мислам дека ќе биде непотребен, посебно за тие 40 милиони, ете го уште еден штопер.
Сонг може слободно да си оди, всушност ако се земе уште еден штопер, Маске оди на неговата оригинална позиција како замена за Буски (ама ако игра Маске како на светсково и не знам дали ќе биде замена) и автоматски Сонг лета од екипава. Чави/Иниеста/Ракитиќ/Рафиња/Серхи Роберто е петорката за другите две места у средина. Чави верувам дека ќе одмара во глобала, Иниеста и Ракитиќ ќе играат, Рафиња и Чави замени, Серхи ќе игра во купот и
Напред триото се знае, Педро и Деулофеу замени, за Халиловиќ е рано барем уште година-две минимум ќе биде во Барса Б, евентуално шанса ако добие во Купот.
За голмани мислам дека како Реал годинава треба, Браво во Ла Лига, Тер Штеген во ЛШ и во Купот.