За голман така вака се спомнува нешто, за втор напаѓач исто, а што куров ќе праиме со одбраната?
--- надополнето: 28 мај 2013 во 19:29 ---
Нејмар беше примарната цел, но сега касата е испразнета, па Барса мора да продаде играчи за да доведе уште засилувања, односно стопер и голман.
Нејмар ќе ја чини Барса 58 милиони евра, од кои 10 се веќе платени, што значи 48 од 50-те милиони планирани за трансфери. Занчи од годинешниов буџет, на Барса и остануваат само 2 милиони евра. Но, исто така им останаа пари и од минатата сезона, каде потрошија 19 за Сонг, 14 за Алба и оние 10 за Нејмар, што значи дека им останале 7 милиони евра, и 2 од оваа сезона, тоа се 9.
Што се однесува до продажбите, Валдес (10 мил.) и Виља (12-15) ќе бидат првите играчи кои ќе бидат продадени, а Барса од нив планира да заработи 22-25 мил. евра. Покрај нив, најверојатно ќе бидат продадени и Кркиќ (5 мил.), Афелај (5 мил.), како и Дос Сантос и Фонтас, од кои Барса би требало да заработи уште 15-тина милиони евра. Кога ќе ги додадеме на оние 25 за Валдес и Виља, и оние 9 останати, тоа се 49 милиони евра. Од тие пари, Барса ќе треба да купи голман, најблизу се Реина 10-12 мил. или Тер Стеген 15-17 мил., Гуаита 15 мил., и ќе останат уште околу 30-32 мил. евра за централен дефанзивец, а се споменуваат Компани, Давид Луиз или Маркињос.--- надополнето: 28 мај 2013 во 19:32 ---
зашо не пробаат со Агер кога веќе неможе Силва и Хумелс, плус денес потпишаа со Туре тоа ја олеснува работата.