Фан Клуб: Барселона

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.990
Само да надополнам нешто.Што и да се случи,за наредната сезона немаме шанси за тровеј во ЛШ.Ни треба неколку промени за да стигнеме до тој трофеј а за една сезона не може да ги правиме тие промени....
Не се согласувам со ова. Ќе ти докажам и зошто:
2007/08 завршуваме 3ти во Ла Лига, слаба сезона, без ниту еден освоен трофеј, кавги во соблекувалната, никакво единство во екипата.
На лето се прават големи промени:
-нов тренер,
-се донесуваат 7-8 нови играчи,
-се потрошуваат 90 милиони евра за трансфери,
-од клубот си одат 10-ина играчи(меѓу кои главните ѕвезди на тимот, Деко и Роналдињо),
-од тие продадени играчи во клубот доаѓаат 50 милиони евра.

Наредната сезона 2008/09 знаете што се случува ;)
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Ако нема да има големи измени ондак нема да има ни големи титули.Тоа треба да ни биде јасно...Со талентите од Ла Масија не треба многу мнгоу да се надеваат,тоа еднаш во 30 години може да донесе успех.Така да,како што велиш ти дека Педро ќе останел оти бил од Ла Масија и бил во неговите најдобри години,се лажеш.Веќе 2 сезони игра послабо од Тељо и Куенка...
 

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Сакам Нејмар, Тиаго, Меси и Иниеста да го предводат тимот за следната година.. Класична 9ка и Бускетс се нападот и средината додека пак позади Алвеш, Пиќе, Силва и Алва. Перфект.
Многу разновидност ќе има. Нејмар и Тиаго и те како се покреативни од Чави и Педро или Санчез. Тимовите нема да имаат фластер само на Меси, тука ќе бидат и Нејмар и Иниеста и плус уште едниот напаѓач. Силва или Хумелс само ќе донесат сигурност во одбрана. Пиќе и те како може да одигра одлично, видовме вчера и покрај автоголот шо си го постигна. Играше и за Бартра. Алвеш е најдобриот десен бек, ако се врати Меси на неговата позиција лево крило, а мислам и дека е време пошо веќе ги постигна сите можни рекорди со Алвеш мислам дека ќе бидат пак најјакиот тандем.. тука ќе биде и Тиаго. Алба со Иниеста и Нејмар од другата страна исто. На сево ова, квалитетен голман и мотивација кај играчите и мислам дека следната сезона пак ке освоиме ЛаЛига и далеку у ЛШ.

--------------------------------------------------- ? ------------------------------------------------------
-------- Алвеш ----------- Силва ------------------------- Пиќе --------------- Алба ----------
---------------------------------------------- Бускетс --------------------------------------------------
------------------ Тиаго ------------------------------------------------Иниеста ---------------------
--- Меси ---------------------------------------------------------------------------------- Нејмар ---
-------------------------------------------- Агуеро ------------------------------------------------------
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ако нема да има големи измени ондак нема да има ни големи титули.Тоа треба да ни биде јасно...Со талентите од Ла Масија не треба многу мнгоу да се надеваат,тоа еднаш во 30 години може да донесе успех.Така да,како што велиш ти дека Педро ќе останел оти бил од Ла Масија и бил во неговите најдобри години,се лажеш.Веќе 2 сезони игра послабо од Тељо и Куенка...
Педро е играч кој можеш да го седнеш на клупа, а пример Агуеро не можеш така лесно да не го ставиш во првиот тим.
Пеп лани, Педро го оставаше на клупа, а ние овде скокавме и го баравме да игра. Сезонава бараме да биде седнат на клупа.
Сети се на Ибрахимовиќ, дали можевме да го држиме на клупа! Одма проблеми направи па го продадовме на Милан!

И јас реков дека следната сезона Тељо заслужува да биде стартер пред Педро.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Не се согласувам со ова. Ќе ти докажам и зошто:
2007/08 завршуваме 3ти во Ла Лига, слаба сезона, без ниту еден освоен трофеј, кавги во соблекувалната, никакво единство во екипата.
На лето се прават големи промени:
-нов тренер,
-се донесуваат 7-8 нови играчи,
-се потрошуваат 90 милиони евра за трансфери,
-од клубот си одат 10-ина играчи(меѓу кои главните ѕвезди на тимот, Деко и Роналдињо),
-од тие продадени играчи во клубот доаѓаат 50 милиони евра.
Наредната сезона 2008/09 знаете што се случува ;)
За болдираното,мислиш дека има шанси тоа да се случе ? Тоа и ми е зборот,нема толку пари за да донесиме толку многу играчи....
Ако се донесат тие што ни недостасуваат (уште од лани ни беа потребни ама се надевавме на чудо) : 2ца светски централни одбранбени,2 напаѓачки крила (некој кој има повеќе во тиквата од Педро и Санчез),голман кој е висок и сигурен и вистинска замена за Чави (може Тиаго),е тогаш може да се надеваме на титула во ЛШ....Ама се сомневам дека ова може да се деси.....
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Треба да се собере храброст и да се направат крупни промени.

Да им се заблагодариме на Абидал, можеби и Пујол. Според мене и на Педро не му е местото веќе во Барца како на и Виља. Да се продадат тие што се вишок околу 10тина фудбалери кои никогаш нема да имаат квалитет за првите 11 во Барцелона како Фонтас, Куенка, Афелај и слични и да се ослободат средства за неколку засилувања.

За Лига на Шампиони ние секогаш сме во топ 3 фаворити така да јас не би се разочарувал одма, никогаш не се знае како може да се развие сезоната. Сетете се како само ние ја почнавме а на кое дно ја завршуваме !
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Алал да им е, не отворија ко паштета вчера. Клучен им беше пресингот на средина и у напад, пред да ја уфрли Валдес топката у терен. А сите знаеме дека тука сме најсилни, за да дадеме гол, мора да ја добиеме средината, со исклучување на неколку противнички играчи. Страшен е овој тим на Баерн, има светла иднина. Измените во тимот ни се и повеќе од очигледни. Голман, тренер, штопер/и, и евентуално напаѓач(Агуеро би рекол, и би се вклопил у играта перфектно).

Не знам што толку го хејтате Фабрегас, не ваѓал у многу важни утакмице, а и бил принуден да игра на не природна позиција за него, односно напад, со тоа што ќе може да помага и во средината. Тито ми беше океј тренер, и мислев дека само тој ќе може да го замени Гвардиола, и да нижи успеси, ама откако прочитав какви реформи вовел во тимот и што работел зад грб ми се смени мислењето за него.

ШТОПЕР значи МОРА да се донесе некој стабилен летово, а не центарфор што ќе биде приморан да игра како штопер. Па Бартра имаше најголеми шансе на двомечот против Баерн, ама без искуство. Да беше некој поискусен, МОЖДА ќе се вратевме у игра.Не знам што да кажем појќе, остануе да видимо што ќе се деси у летниот преоден рок, па да се надевамо дека наредната година ќе биде наша.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.215
Поени од реакции
7.275
А си се запрашал зошто нема никаков придонес? Па цело време го ротираат де во средниот ред, де лажна 9-ка, позиција на која никогаш порано не играл.
Јас велам Фабрегас да го играат на неговата позиција, а Чави да одмори повеќе. Исто и на Тиаго да му се дадат повеќе шанси на важни натпревари, дечкото има квалитет а и искуство собра многу сезонава.

Никако да се сложам, зошто да си оди Монтоја бе, зошто?
А знаеме дека Педро нема шанси да биде продаден исто како и Фабрегас. За Санчез има шанси да го пуштат ако дојде добра понуда, а јас речиси сум сигурен дека Виља си оди.
Нема шанси играчите кои се од Ла Масија да ги продадат кога се во нивните најдобри години, тие ако можат и Валдес ќе го задржат, а вие зборувате за продавање на Фабрегас, Педро и Монтоја!

Исто напразно зборувате со тоа дека ќе дојде Руни или пак Агуеро. Овој вториот има шанси да го земеме само ако не го купиме Нејмар.

Тито сигурно уште една сезона ќе биде на чело на тимот и во зависност од резултатите ќе се решава неговата иднина!

Значи јасно е, големи измени нема да има.
Фабрегас не е брз, не е креативен и е во никаква форма, и без разлика дали бил игран на оваа или онаа позиција, игра во Барса, мора да се прилагоди! Да не треба Иниеста да му отстапи место? А и Тијаго е доста подобар од него моментално, според мене, а и кај Тијаго има простор за голем напредок, за разлика од Цеск. Исто така сметам дека може да се земе солидна сума за трансфер за Фабрегас.


А зошто ни се пак Монтоја па и Бартра? Кога може Реал да го има Варан зошто ние да се задоволиме со вакви играчи? Никако не го доведувам квалитетот на Ла Масија во прашање, само велам дека овие играчи не се на нивото на кое треба да играат во првиот тим на Барселона.

И не викам дека сум сигурен дека сето ова што го бараме ќе се исполни, знам каква управа имаме.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Фабрегас не е брз, не е креативен и е во никаква форма, и без разлика дали бил игран на оваа или онаа позиција, игра во Барса, мора да се прилагоди! Да не треба Иниеста да му отстапи место? А и Тијаго е доста подобар од него моментално, според мене, а и кај Тијаго има простор за голем напредок, за разлика од Цеск. Исто така сметам дека може да се земе солидна сума за трансфер за Фабрегас.


А зошто ни се пак Монтоја па и Бартра? Кога може Реал да го има Варан зошто ние да се задоволиме со вакви играчи? Никако не го доведувам квалитетот на Ла Масија во прашање, само велам дека овие играчи не се на нивото на кое треба да играат во првиот тим на Барселона.

И не викам дека сум сигурен дека сето ова што го бараме ќе се исполни, знам каква управа имаме.
А кога играше Иниеста крило што направивме, еден Милан каков што е сега не посра 2:0. Тешко е за еден играч да игра на позиција која не ја играл никогаш порано. Значи и Иниеста не беше најдобар таму, како што и Цеск не е добар како лажна 9-ка.

Монтоја е идниот десен бек на Барса, не гледам некој кој може да го замени. Сети се како играше против Реал во Супер Купот. Освен тоа и него Тито го става лев бек, е сега немој да очекуваш да блесне таму.
За Бартра ќе се воздржам, бидејќи дечкото доби шанса на најтешките мечеви сезонава. А Варан е друга приказна, тој е вонсериски талент за таа позиција и него Реал го купија а не го извадија од школата!

Повеќе треба да се смени на тактички план, него на играчки план. Нека ја смени малце играта Тито и нека превзема поголем ризик. Зошто да се вртиме со топката и нон-стоп да ја имаме ние топката, кога можеме да оствариме подриектни акции. Ете ти ги Дортмунд, и тие играат со многу додавања ама кога имаат простор напред не ја тупат да ја вратат топката назад.
Треба да се проба, да се пушти топка во празно, да се шутира повеќе кон противничкиот гол, да се влезе во дриблинг.

Значи за следната сезона Тито е на потег, или ќе покаже дека има муда или на крајот на сезоната ќе си оди со наведната глава!
Пеп изгуби од Челзи ама изгубивме поради среќата и сите знаеме како беа поздравени момците од фановите на Камп Ноу!
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
Џабе го хејтате Фабрегас кога човекот не го заслужува тоа.Игра на позиција која не му е природна за него и покрај тоа годинава има 13 гола и 12 асистенции за разлика од Чави(кој важи за еден од најдобрите асистенти) има само 7 асистенции во сите натпреварувања.Мислам кога Цесц би играл на неговата позиција би биле далеку поопасни и поатрактивни.
Исто така не се слагам со тоа Монтоја или Батра да бидат продадени,посебно не првиот кој има доста голем потенцијал во него,ама и тој да си игра на неговата природна позиција(десен бег),а не да го шетаат насекаде.
Треба да се донесат нови играчи,ама мислам дека повеќе од двајца нема шанси да дојдат.Според мене Нејмар и Хумелс.Нејмар не ми е нешто посебно иако не би ми пречело да дојде,а Хумелс ако дојде ќе биде јако(како само изигра втората утакмица против Реал):cuc:
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Ете Фабрегас не бил креативен. Enough internet for today.
 
B

Beck's

Гостин
Сте се нафатиле за Фабре ко негова вина да е катастрофалната игра на Барца последните месеци. Секој беше под ниво, вклучувајќи го и најдобриот на светот. Ја би ги ставал на трансфер листа: Адриано, Педро, Санчез. Од овие играчи би се собрале едно добри 40-50 мил евра. Со овие пари би го донел Хумелс, Нејмар мислам дека веќе е купен, + 1 добар голман. Бартра би го играл како стандарден да лека полека прерасне во голем фудбалер, исто би внесол уште некој јак одбранбен од Ла Масиа
 
Член од
20 април 2013
Мислења
113
Поени од реакции
132
Треба да се смене малце играта на Барса.На пример ако дојде Нејмар тогаш Меси да се врати на позиција крило и заедно со Иниеста да го сочинуваат нападот.Во средината да се донесе уште еден играч бидејќи Чави не е тој стариот и ја нема таа желба како порано.Во одбраната мора да се донесат двајца стопери (знам дека е скоро невозможно,но да се донесат Хумелц и Силва) и обавезно да се донеси голман. --------------------------------Ханданович----------------------------------------Алвеш---------------Хумелц--------Силва-----------------------Алба--------------------------------------Бускетц------------------------------------------------------------Фабрегас---------------------?------------------------------------------Меси------------------Нејмар---------------------Иниеста--------вака би сакал да изгледа отприлика составот на Барса во следната сезона,а за тренер би сакал да се ангажира Марсело Бјелса и секако оставка на Росел и враќање на Лапорта
 

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
^3-4-3 ли ти е ова со Ханданович, Алвеш и Хумелц позади? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom