Еј, еј, еј. Нема потреба да пцуеме и да колнеме по играчи, ни по стручен штаб. Не дека некои не заслужија такво нешто, ама едноставно нема потреба. Досега многупати не израдувале, навивнавме да ни донесуваат само победа и среќа, па сега болката и разочарувањето кај многумина(т.е. кај сите нас) е голема. Подобро сега легнете си(
), утре со ладна глава поубаво ќе размислувате.
Јас на пример не сум воопшто нервозен,против Леванте повеќе се нервирав отколку сега,едноставно трансферот на Фабрегас ме иритираше со години како божем станува збор за Меси а не за играч што не видел трофеј 7 години и никогаш го нема на големи натпревари,исто и со Санчез.
Знаев дека со нивното доаѓање Виља и Педро ќе паднат во форма,затоа што ќе чуствуваат притисок за своите позиции и плус кога ќе одиграат 2 неефикасни мечеви веднаш ќе грејат клупа.
Трансферот на Фабрегас е истото срање како со Ибра, ја кочи играта,губи топки,не се снаоѓа и кога е во негатива Барса создава конфузност во екипата.И лаици за фудбал гледаат колку е отсечен од играта а Пеп упорно го форсира.
Не случајно Барселона има толку киксови на гостински терен оваа година...играта премногу зависи од Меси,ако тој не даде гол нема кој.Минатата година имаше три опасности,оваа една и пол(со оглед на тоа дека Меси е играч и пол).
И најсмешно ми е што читам коментари против Педро кој играше 13 минути а беше поблиску од Фабрегас да даде гол.Таман даде 2 голови во серија,Пеп го извади на полувреме минтата иако беше еден од подобрите а сега не го ни стартуваше иако има искуство баш за вакви натпревари,единствениот што му даде гол на Интер на гости.
Кога ќе се земе тоа предвид,нема ништо чудно што игра без самодоверба и гледа да не погреши во секој допир со топката а не да проба дриблинг или нешто.