Фан Клуб: Барселона

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Во доцните 90ти години на 19тиот век, Жоан Гампер ( Joan Gamper) со помош на 10 пријатели го создаде клубот познат како FC Barcelona. Точниот датум на создавањето на клубот е 29ти ноември 1899 година.

Кој беше Гампер ?



Бил роден во Швајцарија на 22 ноември 1877 година. Уште како мал пројавувал интерес за спорт и најмногу се интересирал за фудбал, рагби, тенис и голф. Тој својата фудбалска кариера ја започнал во Базел, но потоа се преселил во Франција. Во 1898 отишол во Барселона во посета на неговиот вујко. Во 1899 година пратил оглас во весник каде што се повикуваат сите оние кои се интересираат и сакаат да играт фудбал. Месец дена подоцна клубот бил основан со Gualteri Wild како претседател а Гампер како прв капитен на клубот.

Првиот тим од 1901 година



Симболи и дресови

Првото клубско лого било исто како и симболот на градот:





На логото се претставени крстот на St. Jordi ( светецот на Барселона), каталонското знаме и плаво – црвената боја, која што ги преставува боите на клубот ( кои инаку се земени од FC Basel)

Les Corts

На 20ти Мај 1922 година, Барса се пресели на нов стадион кој бил прилично модерен во тоа време. На почетокот стадионот собирал 30000 гледачи, за подоцна да биде проширен и да собира 60000 гледачи. Играле таму цели 35 години.







Гампер умрел во 1930 година во време кога клубот минувал низ тежок период и тој тежок период продолжил во наредните 10 години, поради политичката ситуација во државата.
Во 1936 година Франковите следбеници го убиле тогашниот претседател на клубот Josep Sunyol додека тимот бил во Америка. Додека траела цивилната војна во Шпанија, бројот на членови во клубот се намалил за 4000.
Франко дури и го сменил претседателот на клубот и го ставил Enrique Pineyro, кој го сменил името на клубот во Club de Futbol Barcelona. Името останало до 1973 година, 2 години пред смртта на Франко. Енрике исто така го сменил и амблемот на клубот и наместо каталонското знаме, го ставил шпанското. На крај Енрике бил избркан од клубот, поради тоа што Франко се плашел од бунт од страна на каталонците. Во наредните 5 години, Барселона освоила 3 трофеи во Шпанија.

Клубот ја прославил својата 50 годишнина со вкупно 24893 членови и со 21 трофеј во Каталонската лига, 9 купа и 4 трофеи во Шпанската дивизија.

Kubala

Со доаѓањето на Ladislau Kubala во Јуни 1950 година, сите почнале да сфаќаат дека популарноста на клубот расте со голема брзина. Од 1951 до 1953 година, Барселона освоила се што можело да се освои во тоа време. Шпанската Лига ( 1951-1952 и 1952-1953), Шпанскиот Куп три години по ред ( 51, 52, 53 година) . Таа година (1951-1952) се смета за најтрофејната сезона во клупската историја. Тимот освоил 5 трофеи и тоа: Шпанската дивизија, Купот во Шпанија, Латинскиот Ева Дуранте куп и 2та Мартин Роси трофеи.
Кубала за малку можел да отиде во редовите на Реал Мадрид, но се оженил со ќерката на Ferdinand Dauchik, кој бил пријател на тогашниот скаут во клубот Josep Samitiers и на крај ја одбрал Барселона.



Кубала бил огромен талент и постигнал 7 гола на натпреварот против Спортинг Хихон. Наредната година не играл толку многу поради повреда, но се вратил и му помогнал на тимот да го освои Купот, постигнувајќи одлучувачки погодок во финалето против Атлетико.


Camp Nou

Kubala очигледно бил преголема фигура и нагло ја зголемил популарноста на клубот, поради што челниците се одлучиле во 1957 да го отворат новиот стадион или декеска светски познатиот Камп Ноу. Некои од најголемите светски играчи стапнале на тревата на Камп Ноу ( Кубала, Кројф, Марадона, Шустер, Роналдо, Ривалдо, Роналдињо... ), а во почетокот на 90тите години, беше дом на познатиод Дрим Тим предводен од Јохан Кројф. Од тогаш стадионот е реновиран и прошируван неколку пати.



Првата карта:


Со Кубала, Мартинез и Луис Суарез ( единствениот шпанец кој ја добил наградата за Најдобар Европски играч), Барселона освоила се што можело да се освои. Ја освоила Шпанската Лига во 1958-1959 и 1959-1960 и 3 Купа. Во 60 тите клубот освоил само 3 трофеја.



Ерата на Nunez





На 6ти Мај 1978 година Josep Lluis Nunez станал претседател на клубот. Тој им ветил на навивачите и на играчите дека додека тој е претседател клубот ќе биде финансиски стабилен и ќе биде успешен на спортски план. Така и се десило. Секоја година имало се повеќе членови во клубот, се граделе помошни терени и секогаш Барселона била конкурентна на спортски план. Додека тој бил претседател тимот го освоил Купот на Победници во 1974 за подоцна да ја освои Шпанската Лига 1984 под водство на Terry Vanables, за потоа да следи прекрасната ера на Кројф и неговиот Дрим Тим кој освои 4 последователни ЛаЛига трофеи и Лига на Шампиони (тогашен Европски Куп) на Вембли во 1992 година. Потоа дојде Боби Робсон, со кој тимот го освои Купот на Победници, Шпанскиот Куп и Шпанскиот Супер Куп во 1996-97. По него дојде Луис ван Гал со 2 последователни ЛаЛига трофеи во 1997-98 и 1998-99 година.


The Dream Team, кој под водство на Јохан Кројф го освои првиот Куп на Шампиони (од наредната година Лига на Шампиони) на Вембли , 1992:

Zubizarreta, Ferrer, Nando, Koeman, Juan Carlos, Eusebio, Guardiola (113' Alexanco), Bakero, Laudrup, Julio Salinas (64' Goicoechea) y Stoichkov.




Кризата и Жоан Гаспарт

После лошата сезона, Ван Гал и Нуњез си дадоа оставка во 2000 година. Нуњез беше наследен од Жоан Гаспарт кој ја започна најголемата финансиска и спортска криза во историјата на Барселона. Следуваа некомпетентни тренери, непромислени потези, некорисни играчи...
Гаспарт си даде оставка во 2004 година, оставајќи зад себе комплетно финансиски уништен клуб. На негово место дојде Лапорта и си постави цел дека клубот ќе излезе од тешката ситуација и пак ќе биде на врвот. Неговото прво големо засилување беше Роналдињо. 6 години после неговото доаѓање на чело на клубот, Барселона е повторно светска сила во светот на фудбалот.
Исто така важно е да се спомне дека во 2006 тимот ја освои по вторпат Лигата на Шампионите, а минатата година за првпат во историјата ја освои тројната круна (El Triplete). Сезоната 2009/2010 за Барса заврши со освоените Европски и Шпански Супер Куп, Светскиот клубски шампионат, како и со повторување на успехот во ла Лига освојувајќи ја својата 20-та титула на 16. мај на Камп Ноу со победата над Ваљадолид од 4-1, со што воедно постави нов рекорд во освоени бодови во Шпанија- 99 од можни 114!






Титули:

Spanish First Division: 20
1928-29, 1944-45, 1947-48, 1948-49, 1951-52, 1952-53, 1958-59, 1959-60, 1973-74, 1984-85, 1990-91, 1991-92, 1992-93, 1993-94, 1997-98, 1998-99, 2004-05, 2005-06, 2008-09, 2009-10

Spanish Super Cup: 13
1945, 1948, 1952, 1953, 1983, 1991, 1992, 1994, 1996, 2005, 2006, 2009, 2010
(Known as Copa de Oro Argentina in 1945, and Copa Eva Duarte between 1947 & 1953)

Spanish League Cup: 2
1983, 1986

Copa Del Rey (King's Cup): 25
1909-10, 1911-12, 1912-13, 1919-20, 1921-22, 1924-25, 1925-26, 1927-28, 1941-42, 1950-51, 1951-52, 1952-53, 1956-57, 1962-63, 1967-68, 1970-71, 1977-78, 1980-81, 1982-83, 1987-88, 1989-90, 1996-97, 1997-98, 2008-09

Copa Catalunya: 6
1990-91, 1992-93, 1999-2000, 2003-04, 2004-05, 2006-07

Copa Macaya/Catalan Champions: 22
1901-02, 1904-05, 1908-09, 1909-10, 1910-11, 1912-13, 1915-16, 1918-19, 1919-20, 1920-21, 1921-22, 1923-24, 1924-25, 1925-26, 1926-27, 1927-28, 1929-30, 1930-31, 1931-32, 1933-34, 1935-36, 1937-38

Latin Cup: 2
1949, 1952

Eva Duarte Cup: 3
1948, 1952, 1953

Martini & Rossi Trohpy: 2
1952, 1953

Little World Cup: 1
1957

Joan Gamper Trophy: 35
1966, 1967, 1968, 1969, 1971, 1973, 1974, 1975, 1976, 1977, 1979, 1980, 1983, 1984, 1985, 1986, 1988, 1990, 1991, 1992, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2010

Teresa Herrera Trophy: 5
1948, 1951, 1972, 1990, 1993

Ramon de Carranza Trophy: 2
1961, 1962

Ciudad de Palma Trophy: 5
1969, 1974, 1976, 1980, 1981

Cup of the Pyrenees: 4
1910, 1911, 1912, 1913

Mediterranean League: 1
1937
---------------

Neka e srekjno i berikjetno novoto temishte... vo koe ke se raduvame zaedno mnogu i barem od mene ke slusnete mnogu noviteti koi ke ve iznenadat, a na del od niv i zaedno ke funkcionirame i ke gi gradime :)

Adeu!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
edit: sea mni tekna deka nema da moye novi mislenja da psotiram, 5 so red, pa jbg...

Стадион на ФК Барселона.

Почетоци
Фудбалскиот клуб Барселона најпрвин своите натпревари како домаќин ги играше на локалните игралишта како што се: Hotel Casanovas (1900-01), Carretera d'Horta (1901-05) и Carrer Muntaner (1905-09). Во 1909 година, Барселона го добива својот прв сопствен стадион, кој го изградуваат лично фановите на Барселона, познатите cules. Причина за негово изградување било зголемувањето на бројот на фанови на Барса, па покрај добар терен, тогашниот шампион на Каталонија(без изгубен поен), Шпанија и освојувачот на Копа дел Рерј, Барселона, заслужувал и стадион со трибини кој ќе може да ги собере сите или барем поголемиот дел на los cules. Така, верните навивачи со сопствени средства го изградуваат стадионот Carrer Industria, со капацитет од 6.000 седишта.


Стадионот Carrer Industria​

Camp de Les Corts
Меѓутоа, со големите успеси на Барселона на стадионот Carrer Industria, популарноста на Барса и бројот на фанови постојано се зголемувал и дошол до бројка од околу 20.000 навивачи. Токму затоа во Мај 1922, изграден е познатиот стадион Camp de Les Corts. Бројот на седиштата првично е колку и што е потребно, 20.000 седишта, но тоа е само повремено, бидејќи од тогаш стадионот доживеал неколку корекции за на крајот да добие капацитет од дури 60.000 седишта.


Camp de Les Corts​
Стадионот Camp de Les Corts во тоа време бил доста современ и станал вистинска гордост, како на клубот така и на градот Барселона и на цела Каталонија. Првиот натпревар одигран на Camp de Les Corts е натпреварот помеѓу Барселона и Ст. Мирен од Шкотска.
Во Мај, 1923 година, на Camp de Les Corts се одиграло финалето на Копа дел Реј помеѓу Атлетик Билбао и клубот Еуропа, а во декември 1924 година, стадионот бил домаќин на натпревар помеѓу Шпанија и Австрија.
Во времето кога Барса играла на овој стадион поминале две супер генерации на овој клуб.
Првата е онаа од дваесеттите години, кога во тимот се прославиле играчи како Рикардо Замора, Паулино Алкантара, Жосеп Самитиер, Феликс Сасумага и Франц Платко, предводени од тренерот Џек Гринвел.
Втората успешна генерација е онаа од четириесеттите и педесеттите години, кога во клубот играле играчите како Антонио Рамалетс, Хуан Веласко, Жоан Сегара, Кубала, Луис Суарез, Шандор Кочиш, Золтан Цибор и други.
До крајот на четириесеттите, клубот целосно го имаше проширено стадионот, па неговиот капацитет изнесуваше 60.000 седишта. Меѓутоа, популарноста на клубот и понатаму растела, па и Camp de Les Corts почнал да станува малечок да ги собере сите фанови на Барселона. Меѓутоа, веќе немало простор за натамошно проширување на стадионот, па во почетокот на педесеттите години, клубот почнал да прави планови за изградба на новиот стадион, Камп Ноу. Стадионот Camp de les Corts подоцна, во 1966 година бил целосно срушен.

Инцидентот на Camp de Les Corts во 1925г.
На 24 Јуни 1925 година, за време на натпревар помеѓу Барса и еден помал клуб од Каталонија, навивачите, Каталонци по националност, ја исвиркале химната на Шпанија, а подоцна и аплаудирале на англиската химна. Поради ова, во време на шпанска диктатура, тогашниот претседател на клубот Јохан (Ханс) Гампер бил обвинет за каталонски национализам и бил протеран од земјата, а стадионот бил затворен 6 месеци.


Camp Nou


Стадионот Камп Ноу​

Како една од причините за наглото зголемување на бројот на фанови на Барселона, како во Каталонија и Шпанија, така и во цела Европа, се наведува доаѓањето на младиот фудбалер од Унгарија, Ладислао Кубала. Тој бил голема фигура во клубот, па затоа во периодот од 1954 до 1957 изграден е најновиот и актуелен стадион на ФК Барселона, познатиот Камп Ноу. Стадионот бил проектиран од архитектите Францеск Митјанс Миро(кој бил братучед на тогашниот претседател на Барселона), Лоренцо Гарсија Барбон и Хозеп Сотерас Маури.


Камп Ноу во изградба​


--- надополнето ---

Стадионот официјално е инаугуриран на 24 септември, 1957 година. Во првиот натпревар на Камп Ноу, Барселона го победи тимот составен од играчи од Полска со 4-2, а стрелец на првиот погодок на новиот стадион е играчот Еулогио Мартинез. Над 99.000 навивачи присуствувале на тој настан.
Системот за осветлување е инаугуриран на 23 септември, 1959 година во натпревар од Европскиот Куп против ЦСКА Софија.
Капацитетот на стадионот често се променувал. На отворањето бил 93.053 седишта, потоа се проширува на над 100.000, за при крајот на минатиот век, УЕФА заради безбедносни причини да го намали бројот на седишта. Денес, Камп Ноу има капацитет од 98.772 седишта, што го прави најголем стадион во Европа и дванаесетти најголем во Светот. Рекордот на исполнетост на стадионот е 120.000 навивачи, кој е поставен на натпреварот Барселона-Јувентус, кој се одиграл на 5 март 1986 година. Последните децении, стадионот најчесто е полн во дерби натпреварите Ел-Класико против најголемиот ривал, Реал Мадрид. На тие натпревари, за фановите на Барселона задолжителни се кореографиите кои ги прават на Камп Ноу, кои се едни од најубавите во Европа.


На 24 мај, 1972 година, на Камп Ноу се одржува финалето на Купот на победниците на куповите. Во тоа финале, Ренџерс од Шкотска го поразува рускиот Динамо од Москва со 3-2.
Потоа, во клубот се асоцирани на инфраструктурата. Се изградуваат помошни игралишта и спортски комплекси. Денеска, во кругот на Камп Ноу се наоѓа салата Palau Blaugrana, која служи за затворени спортови(кошарка, футсал, ракомет и слично), стадионот Mini Estadi, на кој игра резервниот тим, Барселона Б, лизгалиштето Ice Rink, кое служи за спортови на мраз и други спортски комплекси.
На 12 мај, 1982 година, се одигрува уште едно финале на Купот на победниците на куповите, овојпат финалист е самата Барселона, а нејзин противник Стандард Лиеж. Барселона го освојува трофејот, со пресврт, бидејќи губеа 0-1, но Симонсен и Квини се погрижија трофејот да отиде во витрините на Камп Ноу. Атмосферата на тој натпревар се опишува со воведната реченица од химната на Барса: "Tot el Camp, es un clam".
Истата 1982 година се одржувало Светското Првенство во фудбал, на кое домаќин била Шпанија. Отварањето се одржало на Камп Ноу, а играле Белгија и Аргентина. Камп Ноу бил преполн, имало повеќе од 115.000 навивачи. Фановите на Барселона главно оделе на тој натпревар да го видат најновото засилување на Барса, аргентинската ѕвезда, Диего Марадона. Сепак, според фановите на Барселона, тој не ги исполнил очекувањата, а неговата Аргентина изгубила со 1-0.
Официјалното име на стадионот најпрвин било Estadi del Futbol Club Barcelona или Стадион на ФК Барселона, но во 2000 година, со гласање, членовите на клубот го промениле името во денешното име Camp Nou кое на каталонски значи "Нов терен".
Инаку, на Камп Ноу е одиграно едно од најдраматичните финалиња во Лигата на шампионите. Финалето од 1999 година помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. До 91 минута Баерн имаше водство од 1-0, меѓутоа во наредните 2 минути Манчестер Јунајтед направи целосен пресврт и ја освоија својата втора титула на стадионот Камп Ноу во едно од највозбудливите финалиња.

После 50-годишнината од стадионот, клубот започнува потрага по најдобрите светски архитекти, со цел да се редизајнира стадионот. На 18 септември, 2007 година англискиот архитект Норман Фостер и неговите работници беа одбрани да работат на реконструкцијата на стадионот. Планот е да се додадат 10.000 нови седишта, плус да се реконструира покривот, со што стадионот би изгледал естетски прекрасно.

Планот на Норман Фостер за усовршувањето на Камп Ноу​
 
B

boki10messi

Гостин
АЛЕЛУЈААА!!!!

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТО НОВАТА ТЕМА!
МНОГУ УСПЕСИ, ПОБЕДИ И ТИТУЛИ ДА РЕДИМЕ ВО НЕА.

VISCA BARCA
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
И новата тема од нашиот Серпико...ама му стои убаво името под темата :)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
uzurpiram uste eden post. dovolno ke e :) ajmo, se citame :)
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
честито новата тема,во новата сезона со нови радости....Виска ел Барса !
 

Пики

amazing happens
Член од
10 март 2007
Мислења
1.923
Поени од реакции
37
ајде честито нова тема
Visca el Barça! Visca Catalunya!
 
Член од
21 април 2008
Мислења
180
Поени од реакции
35
Ајде честито нека ни е новата тема Visca el Barca Visca el Catalonya
да ни тргне со новата тема во новава година да се повторат оние 6/1 и за почеток едно одлично видео од мојот омилен играч кој играл во Barca .... RONALDINHO во неговите најдобри години

[video]http://vids.myspace.com/index.cfm?fuseaction=vids.individual&videoid=3329846#pm_cmp=vid_OEV_P_P[/video]
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
^ Хлеб сака да остане да се бори за место во тимот.... Пеп го смета за непотребен, се бара клуб кој би го позајмил.



ЏДС...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
ај со срека нека е новата тема :) да се под сетиме оваа е трета тема тука и тука и се надевам и на оваа тема ке иаме радости мн:vozbud:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Ау уа нека е аирлија темава, да иаме многу титу ли прославени во неа, почнувајќи од Суперкупот :):)
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Нека е со среќа новава тема,многу успеси да си дочекате и се најубаво:)

п.с одличен вовед Серпико :tv: хаха (мала шала)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom