Фан Клуб: Барселона

Статус
Затворена за нови мислења.

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Брат, ако некој промашуваше празни голови тоа беше Ето само што после 2, 3 или 4 голови ретко кој му ги памтеше промашувањата.

Сите очекуваат Ибра да дојде и одма да почне да дава исто голови како што даваше Ето. Колку и да е добар Ибра му треба време за прилагодување. Оваа сезона му е период на адаптација.

Ако ја споредиш статистиката помеѓу Ибра и К. Роналдо ќе видиш колку се слични.

Ибра има 12 голови и 6 асистенции, Роналдо 15 голови и 4 асистенции. Скоро идентично. Не гледам некој да се буни за тоа како игра Роналдо во Реал.

Проблемот со Ибра е тоа што нагло му падна формата ама ако го некој го гледал редовно со Интер може да потврди дека барем еднаш годишно запаѓа во голгетерска криза и најчесто се враќа во форма во најважниот момент во сезоната.

Така што тоа не е ништо ново. Виља исто така има падови на формата. Разликата е во тоа што дава голови кога не игра добро затоа што често игра како единствен напаѓач во Валенсија и има многу простор за маневрирање, тактички, па може да излезе од шеснаесетник кога сака и да си најде простор од таму.

Ибра има строго дефинирана улога во Барса со огранчен простор на движење затоа што со него играат уште двајца напаѓачи во иста линија. Кога Педро или Меси трчаат по крилата Ибра мора да биде во шеснаесетник и да чека топка. Ако Чави му даде топка, а он е свртен со грб накај гол мора да ја подаде назад за да не ја изгуби и да зачува посед. Виља нема таква задача во валенсија. Ако изгуби топка тогаш ништо, почнуваат од почеток со градење на акција преку Банега, Силва, Мата... едноставно Валенсија не играат на посед и губењето топка не им ја нарушува филозофијата.

Ибра е најдобриот напаѓач за барса во моментов. Чекајте и ќе видите до крај на сезоната.
Убаво објаснето само ај ова објасни ми го.

Разбирам секој напаѓач дека има пад на форма, само кај нив обично се манифестира со goal drought, а кај Ибра се манифестира со аматерски потези и тотално отсекување од утакмиците значи буквално како да е ставен некој 17 годишно дете на деби натпревар.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Убаво објаснето само ај ова објасни ми го.

Разбирам секој напаѓач дека има пад на форма, само кај нив обично се манифестира со goal drought, а кај Ибра се манифестира со аматерски потези и тотално отсекување од утакмиците значи буквално како да е ставен некој 17 годишно дете на деби натпревар.
Има брат близнак :))))
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
не му замервајте на Ибра-паднат е во депресија затоа што конечно му е јасно дека Никогаш нема да биде најдобар!:pos2:ете некни Мастерот му дозволи пенал да шутнира...
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Остајте го на раат човекот е среќен :)

 
P

pepito*

Гостин
tokmu taka

P.S.inaku potpisot e strasen na FCB10
Можда е страшен, ама незнам што чекаат модераториве за да му го отстранат, големината му е многу поголема од дозволената.

П.С. Гледајте Евролига вечерва во Блауграна првиот дуел помеѓу Барса и Реал, ќе ги декласираме
 
B

boki10messi

Гостин
Сите признаваат дека Меси е број еден во светот, ама тој сепак е скромен и не се крева у облаци. Ете затоа е НАЈДОБАР.

Инаку за трансферите: многу повеќе би сакал да го видам кај нас Силва одколку Виља. Треба да ја научиме лекцијата дека не треба да купуваме т.н лидери на одредени екипи, како што е Виља во Валенсија. Тоа е многу лошо. Така беше со Анри од Арсенал, така и Ибрахимовиќ од Интер, гледаме колку тешко се воигрува, за разлика од на пример Алвес, Милито кој доаѓаат како анонимуси и во Барса стануваат професионалци (у права смисла).
Видлив пример имаме и кај Реал. Чаби Алонсо (кој воопшто не беше лидер во Ливерпул) многу полесно се вклопува во играта од Кака и Роналдо.

П.С
Да ве прашам сега (оти одма ќе заборавам). Кој ви е фаворит на Светското Првенство?
Мене Аргентина:salut:
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.175
Поени од реакции
1.041
Не знам зошто повеќето фанови сте толку против Ибра, а Ибра е напаѓач од светска класа и не случајно Пеп го доведе во Барса.Треба да веруваме во Ибра, секој играч има пад во формата.Ако промашувал празни голови не значи дека треба сите да сме против него.Ако е во тоа работата напаѓачите се ценат бидејќи знаат да постигнат гол кога е најпотребно.Ибра влезе на привот натпревар со Реал постигна погодок и потоа го немаше цела утакмица.Кога Пеп изјави дека Ибра е оној стариот од почетокот на сезоната, треба да му веруваме и добро е што Ибра почна да влегува во шанси, головите ќе си дојдат сами по себе.

Ето промашуваше ситуации кој не е замисливо да се промашат а даваше голови кога беше најпотребно.И во Интер до сега е промаши 10 празни голови, а постигна погодок кога беше најпотребно, со Челзи.

По тоа се ценат напаѓачите.

Инаку, за утре против Осасуна очекувам победа на Кампот.Меси заслужува одмор барем едно полувреме, така да може да стартуваме со Педро, Ибра и Анри во нападот, па ако има потреба да влегува ѕверот.

Уживајте со видеото :smir:

 

*ToTo*

Зависник од форумот :)
Член од
15 март 2010
Мислења
131
Поени од реакции
8
Барса и во кошарка ги тепа реал задрид :) во се се појаки .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom