Прееска само ја честитав титулата, сега да пишиме нешто поопширно
Уште една добра сезона според мене, исполнета со многу возбудувања. Прво, трансферот на Ибрахимович, некој го сметаат за тотално промашен, но реално не е така. Сепак му е прва сезона во клубот, а за прво сезона 20+ погодоци не е мала работа. Очекувам да блесне во новата сезона. Оваа сезона на Кампот бевме страшни, несовладливи, и ретко која екипа си заминуваше со помалку од три парчиња во мрежата. Како и секоја година, и оваа година блесна момче од кантерата, т.е Педро, страшно е детето, експлозивен, брз, се покажа дека знае да игра и на големи натпревари. Лигата заслужено ја освоивме, со оглед на тоа дека два пати го добивме најголемиот ривал Реал. Можевме и да одиме над 100 бодови, но тоа е тоа. За купот не се замарам многу, но би било добро да се атакува и на него в година, за да ги обединиме трите титули. Во Лига на Шампиони заслужено испаднавме од Интер, кој својата работа си ја заврши во Милано. Е сега околу темата дали беше офсајд голот на Милито, не вреди да се дискутира, бидејќи и без тоа бевме надиграни таму. Од летниот преоден рок очекувам 2-3 засилувања, Виља во нападот, десен бек како замена за Дани, за да немора Пујол да игра на таа позиција, и еден играч од средината. Исто така очекувам и оваа година да блесне некој од младите, Џефрен би се претворил во страшен играч доколку добива почесто шанса следната година. Пеп уште еднаш се покажа како гениј и би сакал уште многу години да остани во клубот. Околу Лапорта, му благодарам за се`, и би сакал да го замени некој претседател исто така добар колку него. Горд сум што сум навивач на овој тим, Visca el Barca, в година одиме на уште поголеми успеси момци!
Доста е од моја страна, поздрав до сите искрени навивачи во фан-клубов!