Тоа што Суарез игра во Ајакс не значи ама баш ништо. И Ибра играше едно време таму, па сите викавме дека ќе се вклопи многу брзо во играта, но видовме дека не беше така. Тој постигнува голови но сепак треба да работи многу за да биде едно со тимот.
За Робињо... не гарантира ништо дека ќе се вклопи во играта, освен неговото реноме како светски играч. Да не се разбереме погрешно, јас не го сакам многу во Барселона затоа што беше играч на нашиот најголем ривал, но ако толку запнал Пеп значи има нешто и ние сме немоќни овде. Верувам дека Робињо би се вклопил најбрзо од сите понудени крилни играчи на пазарот, само Рибери би го ставил во иста кошница со него.
Инаку незнам што сакаат Аргентинците од Меси ебаго... да ја земе топката и сам да дава голови? Па нормално дека неможе да игра како што игра во Барселона, тимот на Пеп е уигран до немајкаде... а овие тренираат 2 од 12 месеца во годината. Ако треба да се бара кривицата нека си ја бараат во Марадона, Меси не е ниту најмалку крив. Ах што сакам вечерва да им докаже зошто е најдобриот на планетава!