Лапорта сака да го ангажира Цеск пред претседателските избори на Камп Ноу
Спред медиумите од Шпанија, екипата на Барса е убедена дека следното лето ќе го ангажира Цеск Фабрегас и покрај најавите на играчот дека е 100% верен на Арсенал
Каталонскиот весник
Sport вели дека Хуан Лапорта, претседателот на Барселона посакува да го ангажира младиот Шпанец пред почетокот на претседателските изборо на Камп Ноу. Се верува дека Лапорта има одобренио од сите сериозни кандидати за претседателската фотеља на Барса, и Лапорта посакува Фабрегас да не стане дел од ветувањата во изборната кампања.
Поранешниот директор на Барса, Сандро Росел се гледа како главен кандидат на Лапорта, и планира својата кампања да ја базира на враќањето на Цеск Фабрегас на Камп Ноу, откако играчто замина од Барса на 16 години.
Sport вели дека Лапорта ќе се обидел да го ангажира Цеск уште ова лето но по продажбата на Емануел Адебајор и Коло Туре, Арсен Венгер неможел да се откаже од уште една ѕвезда.
Па заота 22 годишниот Шпанец ќе биде големото засилување за следното лето и се шпекулира дека Арсен Венгер веќе се помирил со фактот дека ќе остане без својот капитен.
Ваквите шпекулации пристигнуваат само неколку дена по најавите на Цеск дека е 100% верен на Арсенал.
http://sportdenes.com/m%D0%B5djunarod%D0%B5n-fudbal/shpanija/ramosbarsa-ima-podobar-timr%D0%B5al-podobri-indivi%D0%B5dualc%D0.html