Лапорта пак на чело на Барселона
Хоан Лапорта ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на Барселона и во следните четири години.
Актуелниот претседател без конкуренција ја доби трката откако неговите главни ривали не успеаја да го соберат ниту потребниот минимум потписи за да учествуваат во претседателските избори.
"Јас започнав многу сериозен проект овде, и ќе беше многу глупаво ако сега престанев да ја извршувам функцијата. Особено откако со Барса освоивме сe што можеше да се освои во минатата сезона", изјави Лапорта.