Не да го претера сеа ама ај.
Да не беше Валдес немаше да ја освоиме ЛШ пред две години. ФАКТ. Му фати две контри на Анри кога беа очи во очи.
Вик е уствари многу добар голман ама секоја сезона има период од 2-3 недели кога прави неверојатно глупи грешки затоа толку малку луѓе го поштуваат. Реално гледано ни има донесено многу повеќе поени со своите одбрани од колку што ни има изгубено поради неговите грешки.
Тоа што брани, тоа му е работа, ај само да стои на гол ако не. Пред три сезони, трофејната 2005-06 му беше единствена светла во неговата кариера, и од тогаш до сега игра на таа слава.
Еве и оваа сезона, секогаш на него паѓа главната кривица. Еве со Бетис(2-2) на гости ајде немора да му се замери, али наредното коло против Еспањол беше директен кривец за поразот(се надевам се сеќаваш шо направи), и поради тој пораз, Барселона го загуби ритамот, самодовербата на играчите падна, а сето тоа резултираше со топење на предноста.
Незнам како можеш да кажеш дека Валдес е голман за Барселона. Па ако си ги гледал натпреварите предходната сезона, а богами и поголем дел од годинава, ке видеше дека противниците од една единствена шанса на натпреварот постигнуваат еден гол.
Секако дека Петар Чех подобро би звучел и би бранел, нели?
Ситуацијава би ја споредил со Олегуер. Патетично лошо играше, беше најслаба карика последниве години, а играше на славата од 2005/06сезоната кога ја изигра без грешка. Паралелно паѓаше формата на Валдес и Олегуер, само првиот сеуште дреме во тимот.
А вториот, откако ја напушти Барселона, каде инаку играше прв состав, сега изиграва водич низ Амстердам Арена во Ајакс.