LeoMessi10
Lionel Andress Messi
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 2.317
- Поени од реакции
- 270
Ето во затвор???Заради тоа со новинарот!!!
ВИСТИНА ИлИ ШПЕКУЛАЦИЈА???
ВИСТИНА ИлИ ШПЕКУЛАЦИЈА???
ХАХА овој да го замени Ето... можеби пред 20 години не сеа. И Пипо приоритет на Гвардиола?? Ц Ц Ц Ц што се нема да измислат ова медиумите.Барселона го бара Инзаги
На општо изненадување на фудбалската јавност ширум Европа, Барселона најави дека е сериозно заинтересирана дресот на овој клуб да го носи ветеранот на италијанскиот фудбал, Филипо "Пипо" Инзаги, кој за неколку месеци ќе наполни 35 години. Новиот тренер на Барса, Пеп Гвардиола, го идентификуваше потпишувањето со Инзаги како еден од приоритетите на тимот во летниот преоден рок, особено што се поизвесно е заминувањето на Самуел Ето од клубот. Гвардиола е во потрага по стрелец кој извонредно се снаоѓа во шеснаесетникот, а се шпекулира дека неговата прва опција, Французинот Давид Трезеге од Јувентус нема да може да дојде на Ноу Камп, бидејќи "Старата дама" бара бајаги голема сума на пари за него. СуперПипо имаше одлична сезона во 2007/08 и покрај големите проблеми со повреди, при што постигна 18 погодоци во 28 натпревари, а 10 од нив во последните седум средби во Серија А.
Според истите извори од Каталонија, Барса ја разгледува опцијата и да му понуди договор на аргентинскиот напаѓач Хулио Круз, кој по доаѓањето на Жозе Мурињо во клубот, веројатно ќе биде ослободен од обврските кон "неро-азурите".
hmm .... Пипо би играл за Барселона ... хммм јако ке биди .. овај БОТ.
АХАХА и мене ме чуди ... Пипо е обичен играч како сите нас .. ке му дадат топка на празна статива и ке даде гол .....ХАХА овој да го замени Ето... можеби пред 20 години не сеа. И Пипо приоритет на Гвардиола?? Ц Ц Ц Ц што се нема да измислат ова медиумите.
Трезеге мислам дека останува во јуве нема што да бара тој во Барселона така да нега го земат Пипо ке дава голови на празна статива а тава дали ке му успее незнам D:D:Ги гледам коментарите оставени околку евентуалниот трансфер на Пипо и свакам дека вие воопшто не го гледате правиот проблем на Барса.
Каталонците играат со формација 4-3-3 односно еден класичен напаѓач и две крила. Значи потребен е еден елитен напаѓач и една добра резерва. Па истото Рајкарад пред две години го направи со Ларсон. Донесе играч кои седеше на клупата и секогаш помагаше кога беше потребно. Трезеге нема да се согласи да биде резерва на Анри, а Анри нема да ссака уште една сезона да игра крило.
И мене не ми се допаѓа Пипо ама чевекот има огромна дарба и некако знае да се погоди на прево место во прааво време. Нема талент за фудбал ама господ му дал нешто друго и дечкото се растура од давање на голови но само кога е внатре во шеснасетникот и кога средниот ред ќе одработи убава акција. Мислам дека токму и тоа е Барса. Милион додавања и везење по теренот но го нема завршниот удар, барем не оваа сеозна. Се кладам дека Пипо максимално ќе ги корисит шансите и минутите поминати на терен
Криво ми еБарселона го купи Мартин Касерес.
Добар играч, беше позајмен од Виљареал во Рекреативо и супер ја изигра сезонава. Башка 21година има.