Среќни новогодишни и божикни празници на сите фанови на Баерн...:bayern:
А ОВА ТРЕБА ДА БИДЕ ПОКЛОНОТ:
ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ ЗАЕДНО СО ЛУЃЕТО ОД ЛАЦИО И МЕНАЏЕРИТЕ НА ФУДБАЛЕРОТ ЗАДУТРЕ ВО МИНХЕН ЌЕ ГО ДОГОВАРААТ ТРАНСФЕРОТ ВРЕДЕН 30.00.000 ЕВРА
Баерн в петок го купува Пандев!?
Трпение уште неколку дена. Моите менаџери заминуваат на финални преговори во Минхен”, открива нашиот најдобар фудбалер
Горан Пандев е на добар пат да биде првиот новогодишен подарок од Баерн Минхен за своите навивачи. Баварците в петок треба да го купат Пандев за сума од 30.000.000 евра, а во првите денови од 2008 година се планира и промоцијата на нашиот најдобар фудбалер во редовите на најславниот клуб од Германија. Преговорите траат со месеци и месеци. Заинтересираните страни неколкупати се среќаваа во Рим каде се отвораа сите карти, се нудеа многу комбинации. А Пандев зад себе има блескава сезона. Тој деновиве е на одмор во родната Струмица од каде најавува:
“Моите менаџери и луѓето од Лацио в петок имаат финален состанок во Минхен. Тоа е денот по кој ќе се знаат сите детали”.
Горан Пандев не планира да биде дел од преговарачкиот тим на состанокот кој ќе биде за два дена.
“Моите менаџери на чело со Карло Палавичино добро си ја знаат работата. Очекувам позитивни вести в петок па можеби, ако с$ биде како што треба, новата 2008 ќе ми почне со трансфер и со нов клуб. С$ останува на менаџерите и луѓето во Лацио. Јас реков дека нема да имам ништо против ако до јуни останам во Лацио, но на лето сигурно ќе се прифати некоја од понудите. Точно дека сум најблиску до Баерн Минхен, но треба трпение само уште неколку дена и с$ ќе се знае. Знам дека деновиве тензиите се зголемуваат, медиумите пишуваат....”, изјавува Пандев, кој како најдобар фудбалер на Лацио е пред портите на голем клуб.
Нашиот најдобар фудбалер се навикна на Лацио. Сепак, таму го допре врвот и сега кога доаѓаат понудите од сите страни време е за еден бомбастичен трансфер и голем клуб.
“Реков дека посакувам да играм во екипа со која постојано ќе атакувам на титули и ќе играм во Лигата на шампионите”, додава Пандев, кој есенва покрај понудата од Баерн Минхен има уште две конкретни понуди. Едната од Ливерпул, чија цифра е 25.000.000 евра, и третата и најнова од Валенсија, која е 28.000.000 евра. Тоа се пари за комплетниот трансфер. Лацио добива околу 20.000.000 евра, а преостанатата сума е договорот на фудбалерот за потпис на 5 години.
НЕ МОЖАМ ДА ДОЧЕКАМ ДА ДОЈДЕ ПЕТОК!!!!!!!
извор:македонски спорт