НОВ ПОВРЕДЕН ИГРАЧ ВО БАЕРН
Лам паузира еден месец
Бекот на Баерн Минхен, Филип Лам, најверојатно, ќе биде надвор од својот тим во следниот месец заради повреда на коленото. Германскиот репрезентативец се повреди за време на подготовките за националниот тим на почетокот од овој месец и нема да може да му помогне на Баерн во неколку од најважните дуели во сезоната.
Лам веќе пропушти два натпревари на својата екипа во Купот на УЕФА и Бундес-лигата, а сигурно нема да биде во тимот и за реваншот против Белененсес во најмасовното европско клупско натпреварување. На тренинзите на Баерн би требало да се врати на почетокот од октомври, а ќе му бидат потребни уште најмалку две недели оттогаш за да влезе во посакуваната форма.
Тоа значи дека најверојатно нема да биде во германската репрезентација и за двата клучни дуели од квалификациите за Европското првенство против Ирска и Чешка, кои директно одлучуваат за патниците во Австрија и Швајцарија.