Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 јуни 2009
Мислења
172
Поени од реакции
52
DECKI BE , DA BIDEME NA CISTO, NI TREBA KVALITETEN CENTRALEN DEFANZIVEC(SHTOPER) , A KOGA STNAUVA ZBOR ZA NAPADOT , NI TREBA BRZ , AGILEN , DOBAR TENICAR SO CUSTVO ZA GOL, SO EDEN ZBOR NI TREBA RASEN GOLGETER KAKO STO E HULK OD PORTO , CENATA NA TRANSFER BERZATA MU E OKOLU 15 MILIONI , NO TAA CENA ODMA TREBA DA JA ZABORAVIME ZASTO KE TREBA NA OVIE 15 MIL DA DODADEME PLUS 1O , DA BIDAT 25MIL EVRA , ZATOA STO, NE BI BIL SAMO BAERN ZAINTERESIRAN ZA OVOJ FUDBALER , I ZATOA STO TOJ FUDBALER IMA SAMO 24GOD A E MOMENTALNO EDEN OD 5 NAJDOBRI NAPAGACI VO EVROPA, SO KUPUVANJETO NA HULK BAERN DOBIVA NA KVALITET VO NAPADOT KOJ GO NEMA OD ZAMINUVANJETO NA ROY MAKAAY, PORAKA DO UPRAVATA NA BAERN: KUPETE GO HULK AKO SAKATE USPESI I DOLOGOROCNO RESENIE VO NAPADOT, POZDRAV

--- надополнето ---

POGLEDNETE GO OVOJ GENIJ
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.383
Поени од реакции
26.372
Има некој заинтересирани да одат во Милано за натпреварот Интер-Баерн на 23 февруари преку ПАПИЛОН
 
P

PoisonLady

Гостин
Не е управата ѓубре,не сваќате дека не сме ние Реал Мадрид или Барселона па да земаме милионски кредити за да купуваме играчи.Нема по секоја сила да купуваме играчи.Реал Мадрид колку троши на играчи и пак нема 9 години видено финале на ЛШ.

Секој играч што е купен во Баерн последниве 30 години,е платен со сопствени заработени пари,30 години не сме виделе загуба во билансот.Германските клубови се најрентабилните во Европа.Плус,ако се сеќавате уште го исплаќаме стадионот,и покрај тоа што исплаќаме стадион од 350 мил.,сеуште немаме видено загуба.Ќе видиме за неколку години кога ке биде дојде на сила новото правило кога сите клубови со загуби,нема да смеат да играат во ЛШ.Тогаш ќе збориме колку била добра управата на Баерн.

Преку глава ми е веќе од вакви квази навивачи,кога не ја согледувате реално ситуацијата и од економски аспект,туку само ја пцуете управата.

Вистинсиот навивач навива и во лоши времиња и во добри времиња.Ако не ви се свиѓа клубот,секогаш можете да навивате за тие што победуваат.
Дечко,ај бе имај малку памет во главата и не си ги интерпретирај работите тебе како што ти одговара.Овде НИКОЈ не ни помислува да се откаже од Баерн и покрај кризата во клубот.Кај го прочита тоа стварно не знам.Она што освен мене еве гледам дека и други го согледуваат е дека Баерн има пари доволно за од време на време да купи некоја ѕвезда.Тој момент е СЕГА а не некое идно време.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Пааа баш ги гледав платите на најплатените 50 фудбалери во светот.

Со исклучок на неколку Баерн може било која од тие во овој момент да ја донесе во Минхен.

Значи не се работи за тоа дали се може туку дали се сака,што е многу жалосно....
 
Н

'Никола'

Гостин
Абе луѓе тешко е во зимски преоден рок да се најде некоја ѕвезда. А посебно што би играл во ЛШ. Немој да ме сватите погрешно, и јас сакам да се купи некој ако најдат, ама тешко е. Друго е на крај на сезона, кога изминуваат договори, кога има поголема пауза да се прилагоди играчот и такви ствари.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.169
Поени од реакции
46.330
Има некој заинтересирани да одат во Милано за натпреварот Интер-Баерн на 23 февруари преку ПАПИЛОН
Иди преку некои други, не преку нив, мене за Мадрид ми бараа 1000 евра за карта од трета класа, а реална цена на истава беше под 200 евра, накај 150 мислам, не ми текнува.
Како и да е, лоповлук се, имам слушано и од други за нив вакви муабети.
Ако веќе планираш да одиш, или да одите, рашарајте на повеќе места, нека не ви биде Папилон единствената опција па видете и одлучете која понуда најмногу ви одговара.
 
P

PoisonLady

Гостин
Ај да не го цитирам овој погоре (со кој што ...) ама... па кој е крив затоа што летоска не купија ниту еден играч? Јас???
Нормално дека сега е тешко да се ангажира некој кој ќе ни се најде и во ЛШ.
Едит: "тој погоре" не е Syn кој постирал 2 секунди пред мене :)
 
Н

'Никола'

Гостин
^ За летоска мислам дека немаше човек овде што не беше лут дека ништо не купија.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
^ За летоска мислам дека немаше човек овде што не беше лут дека ништо не купија.

Тачно.Тоа дека е тешко сега НЕ СМЕЕ да постои како оправдување за зимскиот преоден рок.Што мајка ги тераше да седат со таквите у рака и нишо да не праат цело лето.Дегени ебате.

Е сега тешко е!А не е дека нема,може да се најде веруј ми,ако се сака!
 
P

PoisonLady

Гостин
Јас не можам никако да сфатам: зошто нашата управа никогаш не троши пари за скапи играчи додека другите екипи се позајмуваат,влегуваат во минус само за да купат? Не викам дека секој играч што ќе дојде треба да кошта енормно многу но некогаш таквите потези не се на одмет.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Мораме да избориме директен пласман во ЛШ наредната година, финалето се игра кај нас. Точно е тоа дека дека германските клубови се најрентабилни, но и факт е дека Баерн комотно може да си дозволи да донесе класа играч без да има поголемо влијание на финасиската состојба и отплатата на стадионот. Па минатата година ја освоивме лигата, купот и финале ЛШ а не купивме ни еден играч. Имаме доста играчи од младинскиот тим и не се потрошени многу средства за купување на играчи. Како што кажа Ченто има пари, само не се сака да се донесе квалитетен играч.
Може да се донесе десен бек, да го одморе Лам. Така може ако Контенто не игра како што треба Лам да се префрли да игра лево, а ако е повреден или има лоша форма "новиот десен бек", ке се врати Лам десно а Контенто лево. Така ке се реши проблемот со бековите, ама не се знае колку ке бидат константни.

ПС. Зошто Бадштубер нафрлува од корнер?????? Нели треба да биде тој во шеснаесетник да скока???
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.383
Поени од реакции
26.372
Другари, како што читам на TZ, Марк ван Бомел добил дозвола од нашата управа да си замине доколку најде некој клуб кој ке плати неколку милиончиња (3-4мил.) за него.
Многу клубови се заинтересирани, па до 31 јануари има време многу така да шансите да си замине Ван Бомел од Баерн се повеќе се зголемуваат.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Другари, како што читам на TZ, Марк ван Бомел добил дозвола од нашата управа да си замине доколку најде некој клуб кој ке плати неколку милиончиња (3-4мил.) за него.
Многу клубови се заинтересирани, па до 31 јануари има време многу така да шансите да си замине Ван Бомел од Баерн се повеќе се зголемуваат.

Ова ми изгледа како надеж дека нашле замена за него.Сооглед на фактот дека Ван Гал ќе го игра Густаво како лев бек.

Се шпекулираше за Јан M"Вила од Рен за кого Баерн е спреме да плати 20 милиони евра.Знам дека момакот го бараа Челзи и Реал,кој е дефанзивен играч за врска со плејмејкерски карактеристики.

Ќе видиме......
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.383
Поени од реакции
26.372
Ова ми изгледа како надеж дека нашле замена за него.Сооглед на фактот дека Ван Гал ќе го игра Густаво како лев бек.

Се шпекулираше за Јан M"Вила од Рен за кого Баерн е спреме да плати 20 милиони евра.Знам дека момакот го бараа Челзи и Реал,кој е дефанзивен играч за врска со плејмејкерски карактеристики.

Ќе видиме......
Ако остане Ван Бомел во Баерн, тогаш Ван Гал ке го игра Луиз Густаво како лев бек но ако си замине нашиот капитен тогаш Л.Густаво ке ја наследи неговата позиција, а за Мвила не знам, многу клубови го сакаат и ако биде тој играч тема кај нашата управа тоа ке биде летото, сега не, ги имаме и Тимошчук и Отл така да не очекувајте на таа позиција нов играч сега во јануари + Швајнштајгер ке си игра пак во дефанзивната средина (како минатата сезона) а Милер ке игра полушпиц.
 
Н

'Никола'

Гостин
Значи Кроос отпаѓа од првиот тим? Не се вклопи детето ко што очекувавме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom