РИМСКИОТ ВЕСНИК "ИЛ МЕСАЏЕРО" ОТКРИВА:
Пандев во Баерн до 2011 година!?
*За сума од 18.000.0000 евра Баварците се договориле со тимот од Рим
Му ги бројат деновите на Горан Пандев во Рим. Вчера најнова "бомба" поврзана со нашиот најдобар фудбалер кој поради повреда не е со националниот тим во Израел. Весникот "Ил Месаџери" објавува дека Пандев ќе потпише договор со Баерн Минхен со важност до 2011 година и дека за сума од 18.0000.000 евра тимот од Германија ќе го купи најдобриот играч на Лацио.
"И јас ги прочитав овие најави и зачуден сум. Уште нема ништо конкретно. Преговорите се во тек, но јас не сум информиран за овие податоци", изјавува Пандев за натписите кои се појавија по весниците во Италија.
Од она што може да се прочите слободно може да се заклучи дека има голема разлика во цифрата. Првата понуда на тимот од Минхен беше 30.000.000 евра, а сега речиси двојно помала. Во првата варијанта Пандев требаше да потпише договор на 6 години, а сега тој треба да биде на 3,5 години.
"Има време. Преодниот рок почнува во јануари. Имам уште натпревари во дресот на Лацио", порачува Пандев за шпекулациите околу неговиот трансфер.
Таман мислев ништо не испаднало,ми го направија меракот ептен!!!!Според ова веќе нема калкулации Пандев на Алианц Арена во Јануар.Како не се стрпив да купам оригинал дрес од него,ја земав од Тони!
Инаку трансферот на Брено треба да биде комплетиран неделава според изјавата која тој ја дал за бразилските медиуми!!!!!
Ѕвер е дечкото!!!!!