^ Брат бегам јас од славата, не се согласуваме некако со неа.
Заеби тоа, да пишам нешто за повредиве кои зачестија во тимов (несекојдневна ситуација).
Сега читав на официјалната и видов дека имаме 11 повредени. Па да фатиме со ред :
Брено - се повреди додека беше на позајмица во Нирнберг, скинати лигаменти;
Робен - се повреди на Светсково (или пред тоа, па играл со повреда, така некако беше), и до Јануари нема да го гледаме;
Алаба - појма немам кога се повреди и што му е повредено, но и тој се брои;
Рибери - на мечот со Хофенхајм, лошо зназна при еден шут и се очекува некаде во Ноември неговото враќање;
Олиќ - го скршил носот, не знам кога (најверојатно на пријателскава за Хрватска што ја играше) и можно е да заигра в сабота;
Швајнштајгер - на мечот со Дортмунд, нешто со стапалото, и тој е можно да заигра в сабота;
вБомел - не знам што му е, еднаш прочитав дека се повредил и дека нашиве го барале да се врати во Минхен тие да го лечат, потоа другиот ден го видов како играше против Шведска, па после тоа пак читам дека се повредил, така да абер немам за него што е како е;
вБајтен - на последнава за Белгија, нешто проблеми со грбот имал;
Контенто - и тој од поодамна е повреден, и мислам дека уште месец-два ќе отсуствува;
Клосе - на последнава против Казахстан и тој скинал конци;
И за крај некојси Сателмајер - појма неам кој е, а камоли па што му е, ама важно на официјалната го бројат како повреден, така да тој е 11тиот.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)