Соочени со суровата реалност и фактот дека мали се шансите оти ќе успеат да ја задржат најголемата ѕвезда, репрезентативецот на Франција, Франк Рибери, раководните лица на германскиот гигант, Баерн (М), веќе ја подготвуваат тактиката која ќе има за цел да го пополни минусот, кој ќе се создаде по заминувањето на одличниот играч за врска.
Огромните пари што ќе се заработат со продажбата на Рибери, а најверојатно таа ќе биде обезбедена или од понудата на Барселона или од онаа на Манчестер Јунајтед, ќе биде искористена за купување на три фудбалера од светски калибар.
Убедливо најголемиот дел ќе биде потрошен за потписот на репрезентативецот на Македонија и најголема ѕвезда во дресот на римски Лацио, Горан Пандев.
Од поодамна се знае дека баварскиот гигант е подготвен да издвои околу 20 милиони евра за голгетерот на "светлосините".
Втор на листата желби е репрезентативецот на Германија и стандарден првотимец во дресот на лондонски Челзи, Михаел Балак, за кого изминатве недели се пишуваше дека на лето ќе направи кам-бек во баерскиот гигант.
Магичниот триаголник би требало да биде комплетиран со ангажирањето на хрватскиот интернационалец од редовите на Шалке, Иван Ракитиќ.
Раководните лица на бундеслигашот од Гелзенкирхен, на неколку пати изјавија дека се подготвени да се ослободат од услугите на младиот играч за врска под услов заинтересираната страна да испрати официјална понуда не помала од 15 милиони евра.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=872428B9B02BF5438052936EFA406B59
Ова е доказ дека нашите медиуми пишуваат чисти лаги за секакви видови трансфери.
Инаку за бундес лигата повторно сме на 2 место со 4 бода зад Херта Берлин...
1. Херта 23 14 4 5 38:27 46
2. Баерн (М) 23 12 6 5 49:31 42
3. Хофенхајм 23 12 6 5 49:31 42
4. Волфсбург 23 12 6 5 46:29 42