Францускиот репрезентативец и член на Баерн наводно постигнал договор со челниците на Барселона од летово да се пресели на Ноу Камп.
Рибери би требало во летниот преоден рок да ги засили редовите на шпанскиот клуб, а како што тврдат германските медиуми, Французот ќе потпише договор на четири години. Неодамна, агентот на Рибери изјави дека фудбалерот би ги напуштил редовите на баварскиот клуб, само доколку стане збор за трансфер во некој од најголемите клубови, како што е Барселона.
Освен Барселона, досега интерес да го ангажира Рибери покажа и Јувентус. Но, Барселона е во предност бидејќи е во можност да ја плати бараната цена, а и да му ги исполни желбите на поранешниот фудбалер на Марсеј.
Претходно, Рибери изјави дека се сомнева дека ќе остане во Баерн до крајот на договорот кој истекува во 2011.
извор
Ако се случи и ова...