Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување
B

Borg_Drone

Гостин
Бегај бе каков Един Џеко,кој ќе ги слуша после босанцине по фејсбук.:D
Јас сум сигурен дека се што се пишува за Пеп и неговите желби дека е тоа чисто срање и сами си измислуваат.Од кај кур тие му наоѓаат него изјави кога тој е скоро па изолиран.Од 24 Јуни натаму би верувал во врска со шпекулации но до тогаш не верувам на ништо.
Ова Оливер Кан го пишуваше на неговиот блог во врска со Гомез пред два месеци.Од таму ми е информацијава мене.Сега да ја барам колумната не можам, не ја сочував ама таму го читав ова.И на крајот испадна дека тоа што он го говори во врска со Гомез дека е вистина.Што се однесува до Џеко, и мене ми паѓа малку чудно, ама бегај бе, ако ни го тупнат во тимот ќе се дупнам од смеење.......А Босанците после тоа и во химна ќе го опејат....
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.080
Поени од реакции
25.504
Па не испратиле,може ги смениле плановите.
--- надополнето: 9 јуни 2013 во 22:12 ---




Мислам на грешка од типот да остане без класичен напаѓач ко што му се случи еден период у Барса кога Виља беше повреден.Затоа мислам дека ќе се снабди добро со напаѓачи.

Епа кај нас се Пизаро и Манџукиќ така да ги има напаѓачите. :)

А со доаѓањето на Геце (и заминувањето на Гомез) пак имаме ист број на офанзивци.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Епа тоа е, али види и Балотели се глупираше многу повеќе во Англија него сега. Можно да е до лигата :icon_lol: ... Така да може ќе се смири, кој го знае, али е бољи од Лева, тоа 100%„
Баш на ова мислев !

Да речеме дека Балотели и Суарез се слични со карактерот и се склони на праење глупости ама еве Балотели откако дојде во Милан на 12 меча има 12 гола мислам и нема никаков проблем.

Суарез во Германија нема да биде константно напаѓан од медиуми и нема да има проблем со освојување титули и играње во ЛШ па засилувањето би била чиста 10ка. А и не е толку лош карактерно ко пример Балотели што беше претставуван.

Може и ова со Лева и насочување на сите медиуми кон таа зделка е само smokescreen ама се надевам дека ќе реагирате пред Реал пошо изглеа и тие се загреани за него.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Епа кај нас се Пизаро и Манџукиќ така да ги има напаѓачите. :)

А со доаѓањето на Геце (и заминувањето на Гомез) пак имаме ист број на офанзивци.
Имаме ист број офанзивци ама дали Геце е напаѓач ? :cautious:
Тој никогаш нема да има инстинкт како што имаат класичните напаѓачи.Попрво би го ставил Милер во напад отколку Геце.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.080
Поени од реакции
25.504
Имаме ист број офанзивци ама дали Геце е напаѓач ? :cautious:
Тој никогаш нема да има инстинкт како што имаат класичните напаѓачи.Попрво би го ставил Милер во напад отколку Геце.

Тоа се користи и успева многу, но доколку го користиш само понекогаш, не секогаш, во зависност од противникот. А тоа бидете сигурни дека ќе го користи и во Баерн, но понекогаш, како што кажав, во зависност од противникот.
Не е напаѓач Геце, и Милер не е. Ама дека Пеп ќе игра така понекогаш ќе игра. 4-3-3 формација, Рибери - Геце - Милер. Тука нема напаѓач. Дефанзивците не знаат на кого поточно да се залепат. И овие тројца во офанзивата често ги менуваат позициите и со тие играчи што ги поседуваме може да биде многу успешно тоа. Не можеме ние само еден вид на игра да играме. Мора да бидеме непредвидливи и дури во тек на натпревар (пример доколку губиме) да знаат да ја сменат играта и да го згазат противникот.

А ти како што го нарече тоа „срање“ со лажната 9-ка тогаш сигурно сметаш дека и Пеп врска нема. Само после откако му успее тоа, да не се чукате в гради за Пеп и да го величите како Хајнкес и Хицфелд, зашто однапред ти си кажа дека е „срање“ тоа.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.656
Поени од реакции
14.512
Може и ова со Лева и насочување на сите медиуми кон таа зделка е само smokescreen ама се надевам дека ќе реагирате пред Реал пошо изглеа и тие се загреани за него.

Нормално, и на нас Макај ни збрца 3 гола среде Минхен, па го купивме :icon_lol:
 
B

Borg_Drone

Гостин
А ти како што го нарече тоа „срање“ со лажната 9-ка тогаш сигурно сметаш дека и Пеп врска нема. Само после откако му успее тоа, да не се чукате в гради за Пеп и да го величите како Хајнкес и Хицфелд, зашто однапред ти си кажа дека е „срање“ тоа.
Не дека е срање до толку, успеваше и со Барса, ама тогаш во овој случај ќе биде Пеп прочитана книга, а прочитана книга најмалку му треба на Баерн.И не верувам дека ќе употребува Пеп стари концепти, сигурно дека за време на оваа едногодишна пауза измислил некои нови работи, и не за џабе ќе бара напаѓачи покрај тие што ги имаме.Можеме до утре да си пишуваме претпоставки, ама не знаеме сеуште како ќе игра и што ќе прави.И на крај, на нас ни е потребен иновативен тренер кој ќе ја унапреди играта на Баерн, а не тренер кој ќе употребува стари концепти на игра..
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.656
Поени од реакции
14.512
Види, ја за Суарез не сум чул лоши зборови да се глупира надвор од стадион. Сите киксови му се во тек на игра што во соодветна екипа може и да се канализира како многу позитивен ефект во смисла на мотивација
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Не е напаѓач Геце, и Милер не е. Ама дека Пеп ќе игра така понекогаш ќе игра. 4-3-3 формација, Рибери - Геце - Милер. Тука нема напаѓач. Дефанзивците не знаат на кого поточно да се залепат. И овие тројца во офанзивата често ги менуваат позициите и со тие играчи што ги поседуваме може да биде многу успешно тоа. Не можеме ние само еден вид на игра да играме. Мора да бидеме непредвидливи и дури во тек на натпревар (пример доколку губиме) да знаат да ја сменат играта и да го згазат противникот.

А ти како што го нарече тоа „срање“ со лажната 9-ка тогаш сигурно сметаш дека и Пеп врска нема. Само после откако му успее тоа, да не се чукате в гради за Пеп и да го величите како Хајнкес и Хицфелд, зашто однапред ти си кажа дека е „срање“ тоа.
Лажна 9-ка е срање идеја,која почна да шкрипи и за Барса и за репрезентацијата.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Види, ја за Суарез не сум чул лоши зборови да се глупира надвор од стадион. Сите киксови му се во тек на игра што во соодветна екипа може и да се канализира како многу позитивен ефект во смисла на мотивација

Да ама не и да те банираат ради расистички навреди,клоцање тепање и слично....Тука не гледам мотивација,тоа е оставање на екипата на цедило...
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.656
Поени од реакции
14.512
Сакав да кажам дека ако се оправи да му биде за мотивација, не до сеа :)
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.080
Поени од реакции
25.504
Не дека е срање до толку, успеваше и со Барса, ама тогаш во овој случај ќе биде Пеп прочитана книга, а прочитана книга најмалку му треба на Баерн.И не верувам дека ќе употребува Пеп стари концепти, сигурно дека за време на оваа едногодишна пауза измислил некои нови работи, и не за џабе ќе бара напаѓачи покрај тие што ги имаме.Можеме до утре да си пишуваме претпоставки, ама не знаеме сеуште како ќе игра и што ќе прави.И на крај, на нас ни е потребен иновативен тренер кој ќе ја унапреди играта на Баерн, а не тренер кој ќе употребува стари концепти на игра..

Кои стари концепти? Па тој во последната негова сезона во Барса почна да го користи тоа. Велиш прочитана книга ќе биде. Па затоа велам дека најчесто ќе игра во 4-3-3 формација со напаѓач (Манџукиќ), но понекогаш и со лажна 9-ка, Рибери - Геце - Милер. Ќе го среди овој тим да може да игра повеќе видови на игра. Убаво напишав во претходниот пост. Дури и во текот на натпреварот да знаат да ја сменат играта, да бидеме непредвидливи за противниците. Да не знаат што и како да очекуваат.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Кој сака да прочита хумор нека дигне два прста.Се работи за Барса и нивното потопување.:pos:


“We enjoyed possession against Bayern, they couldn't control the game. To look at the result doesn't really tell the whole story."-Xavi
:vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Bild says Gomez will be allowed to leave the club regardless of the Lewandowski transfer. Pizarro is getting an extension and Pep plans with Mandzu, Pizarro, Müller and Götze at the striker position.

Ништо чудно да се деси ова само се надевам тоа лажна 9ка ептен ретко ќе глеаме ако се сите здрави ко оваа година Манџо ќе си игра прва ко оваа година на поважните утакмици а Пизаро ќе игра коа ќе одмара Манџо(тие утакмици што ги играше Гомез оваа сезона) а лажна 9ка може некад да се проба колку да се има како опција пошто мора некој да се има што може да напраи нешто во воздушен дуел се виде колку беше важен Манџо на некои утакмици коа спусташе тешки топки.

Па наредната година таман да дојде Левандовски без пари и Пизаро да си оди.

Едино лоша страна на оваа ситуација е доколку речеме се повреди Манџо не дај боже или падне нешто у форма пошто оваа сезона за мене му беше перфектно изиграна
 

Kajgana Shop

На врв Bottom