Се понеизвесно е кој ќе биде новиот тренер. Румениге изјави дека до крајот на месецот ќе се знае и повторно потврди дека новиот тренер мора да знае германски што значи се исклучува можноста за Покетино освен ако веќе не е договорен и да почнал веќе да учи германски
. Тухел веќе се има договорено со клуб од друга лига. Нико Ковач кој исто го спомнуваат изјави денеска дека останува во Ајнтрахт. Хазенхутл од Лајпциг пред некое време изјави дека не се чувстува спремен за да води клуб како Баерн. Лев исто отфрли можност да стане тренер на Баерн. И сеа останува од сите тие само Нагелсман кој е премногу млад и за кој ќе биде прерано да стане тренер на Баерн. Освен ако не изненадат лошо со Фавр од Ница кој го проврзуваат и со Дортмунд, нешто што нема да ми се допадне искрено или пак веќе да преговараат со некој добар странски тренер што знае германски. Избор се помалку се има така да не би ме изненадило и да ризикуваат и да пробаат и со тренер како Христијан Штрајх од Фрајбург.
До крајот на месецот ќе се знае и иднината на Робен и Рибери така да многу работи наскоро ќе се дознаат.