Што да ти кажеме друже, си го гледал за толку. Чим решиле да го продаваат, тоа доволно треба да ти е јасно. А знаеш колку тешко и скоро невозможно е да купиш битен играч од Баерн..
Имал и многу јаки натпревари, а и натпревари каде што го немало. Неконстантен. Како да ја изгуби мотивацијата сезонава, наместо да продолжи како што беше првата сезона башка Рибери и Робен како што стареат наместо да работи напорно и да се наметне во тимот да тренерот и управата не размислуваат за негова продажба. Можеби и кај вас ќе се покаже првата сезона бидејќи ќе биде мотивиран, но ќе има и натпревари каде што нема да го видите и покрај брзината и дриблингот што го има. Реализацијата исто му е слаба, во ситуација кога е пред голот знае да утне со погрешен пас или чекор повеќе да направи нешто како Деулофеу што сум го приметил.