Атлетико Мадрид тргнува по Бруно Сориано !?
Шпанскиот весник "Марка" денеска излезе со веста дека освојувачот на Лига Европа Атлетико Мадрид ќе проба да го ангажира деструктивецот на Виљареал Бруно Сориано.
Сориано во изминативе 2-3 дена веше речиси играч на Валенсија, но претседателот на "Жолтата Подморница" изјави дека нема да им го продаде еден од најдобрите играчи на клубот од Местаља.
"За вас нема цена, крај на преговорите" биле зборовите на претседателот Фернандо Роиг кој веќе одбил две понуди од 9 и 10,5 милиони евра од страна на Валенсија.
Атлетико Мадрид сеуште е во слаба финансиска состојба. Првата опција за да се обезбедат пари за шпанецот е продавање на неколку играчи како Тиаго, Раул Гарсија, Хоел и уште неколку младинци. Или пак трансферот да се плати во неколку рати на неодреден број на години.
За 28 годишниот Шпанец заинтересиран е и Тотенхем, а неговата откупна клаузула се движи од 12 до 14 милиони евра.
--- надополнето: 20 јули 2012 во 15:37 ---
Виљареал, Казорла, Матјесен, Рондон и Ван Нистерлој ја пријавија Малага. УЕФА даде рок
Новиот второлигаш Виљареал ја пријави Малага поради не исплатениот долг од 3,5 милиони евра од трансферот на Санти Казорла од пред една година.
Во 2010 Санти Казорла од Виљареал премина во екипата на богатиот сопственик Ал Тани за сума од 20 милиони евра, но екипата од Андалузија на Жолтата подморница сеуште не им исплатила 3,5 милиони од истиот трансфер.
Освен тоа, Малага е во големи долгови. Сеуште не им има исплатено неколку плати на 30-40 % од играчите за изминатата сезона. Има долгови од неисплатени трансфери на неколку играчи кој во тимот пристигнале во изминативе две години.
Но не само Виљареал, Малага беше пријавена и во здружението на шпански фудбалери (AFE) од четири свои фудбалери. Казорла, Матјенсен, Рондон и Ван Нистерлој ја пријавија Малага поради неисплатени месечни плати за последната сезона (2011/2012)
Освен долговите поради не исплатени трансфери и плати, Малага (според сознанија и извори блиски со клубот) должи над 150 милиони евра, но сеуште не е позната информацијата на кога им должи толкав број на пари.
Па поради тоа, УЕФА на Малага и даде рок долговите за платите и трансферите да ги исплати до 25 јули, а останатите долгови до 30 јули. Доколку не се испочитува овој рок, казната е јасна. Малага оди во Сегунда, Виљареал се враќа во Примера а Атлетико Мадрид го завзема четвртото место кое води во Лига на Шампиони