Фан Клуб: Арсенал

Член од
4 септември 2010
Мислења
439
Поени од реакции
148
Браво за момците, изиграа со срце, залагањето у прво полувреме си го напраи своето.. заслуживме четврт гол али тоа е тоа.. Само вака да продолжиме!

Иначе сега може да се види колку многу не уназадија повредите на клучни играчи во голем дел од сезоната. Сања, Сантош, Вермален, Вилшир.. да беа овие фит, незнам каде ќе ни беше крајот.

Како и да е да не мрсиме за други работи, достоинствено си испаднавме од ЛШ, убаво е да се види Арсенал во вакво светло!
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Во италијанско сум за Милан, а во премиер сум за Арсенал ама некако и на претходната утакмица во Милано, а и сега поголем мерак ќе ми се направеше Арсенал ако тепаа и ако отие понатаму, но што е тука е...
Оваа утакмица многу добро ја изиграа и баш тоа ме радува, се надевам дека ќе продолжат со ваквата игра и во премиер. Некако РВП ми беше незабележителен и многу ме изнервира кога не успеа во второ полувреме да даде гол од 2 метра кога веќе Абијати беше на земја, ама тоа е...
Сепак мислам дека главната кривица е на Венгер што дозволи така лесно да прими 4 гола во Милано, ама сепак тимот заслужува голем признание за денешната игра :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Се простивме од ЛШ сезонава на достоинствен начин, тимот играше колку што можеше, но на толку многу повредени играчи толку беше силата.

Сепак можеби многу повеќе ќе болеше да беше 4-0 и на крајот на пенали да испаднеме.

Веќе не се сеќавам како и што беше на првиот натпревар, можеби некои судиски одлуки да беа за нас, немаше со 4 гола да си отидеме од Милано, ама беше тоа и помина.

Да продолжат со вакви резултати за 10 дена ги победивме Тотенхем, Ливерпул и Милан.(y)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Влегуваме во добар ритам.
Победи против Тотенхем, Ливерпул и Милан. 10-3 во голови.
Њукасл е следен.

И да се пласиравме понатаму во ЛШ, повторно главна цел во преостатокот од сезонава ќе ни беше минимум 4-то место во ПЛ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom