Фан Клуб: Њукасл Јунајтед

Член од
11 јули 2008
Мислења
2.911
Поени од реакции
1.555
Мило ми е што ги искинавте Астон Вила, оние кој секоја година се борат за влез во Европа.
Само така и да се разбие монотонијава (Манчестер, Челзи, Арсенал, Ливерпул). :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Турлитава ги направија Астон Вила. Освен пеналот, Астон немаше друга шанса:) браво браво честито победа.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
КАКО ЗАКЉУЧИ ДЕКА НЕМА ПОЈМА? ПЕНАЛОТ НЕ БЕШЕ ПЕНАЛ, САМ ПАДНА ТОЈ!
Пеналот беше пенал,не падна сам.Ова го закључив после двете утакмици,со Манчестер беше како изгубен во простор.Нека си го вратат Гивен
и онака он ќе биде само резерва во Сити.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Пеналот беше пенал,не падна сам.Ова го закључив после двете утакмици,со Манчестер беше како изгубен во простор.Нека си го вратат Гивен
и онака он ќе биде само резерва во Сити.
Супер е овја голман уживај ти... Една утакмица ако не бранел убоо незначи дека е катастрофа, гледај малу од лани у Чемпионшип утакмице да видиш дал е слаб.
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Ах само што изгледав хајлајтс:vozbud::vozbud::vozbud:

Момци честита ни победа! Покажуваме дека сме квалитетна екипа достојна за Премиерлига! Со ова ке се дигне самодовербата и се надевам дека ке се продолжи со играта што ја прикажаа денес.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Супер е овја голман уживај ти... Една утакмица ако не бранел убоо незначи дека е катастрофа, гледај малу од лани у Чемпионшип утакмице да видиш дал е слаб.
Харпер е еден од киксерите во Премиер Лигата....Чемпионшипот не се споредува со прва лига,таму се игра типичен “старски“ англиски фудбал,можеби таму се пронашол себеси
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
abe ovoj honas gutieres uste li igra kaj vas ili si zamina
Џонас Гутиерез уште кај нас е!

Харпер е еден од киксерите во Премиер Лигата....Чемпионшипот не се споредува со прва лига,таму се игра типичен “старски“ англиски фудбал,можеби таму се пронашол себеси
Друже исти кур ти е, и таму шутираа у гол колку што знам!
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Браво,браво супер игра на Њукасл се надевам дека ќе продолжаат со оваа игра.Честито нека им е победата на фановите на Њукасл.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Честитки, одлична победа, со Њукасл е секогаш поинтересна премиер :)
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Што да пишам, уште сум под импресии. 6 комада, ова е перфектна одмазда за последното коло пред две години, каде што не победивме против нив и испаднавме.
Многу бев скептичен во врска со Керол, мислев дека со сила го буткаат, дека е локален па сакаат да го прават нов Ширер, ама денеска како изигра дечкото, колку трчаше, отвараше простор, Дан не му зема топка со глава, хет трик постигна, дури и Ширер се утепа од радување и плескање во ложата. Балдини, помошникот на Капело беше во публика, па се надевам дека запиша нешто во тефтерчето.
Се на се, перфектен ден, кој можеше и да има друг тек ако постигнеа гол од пеналот и судијата на 1:0 не им досудеше непостоечки офсајд по продорот на Ешли Јанг, ама како и да е, деморализирани се без Мартин О`НИл, како изгубени беа, имавме повеќе шутеви и заслужено победивме. :vozbud:
Следен натпревар ни е во среда на гости против Акрингтон за Лига Купот, а во Премиер играме во сабота против Вулверхемптон.
Гледам и сме потпишале со некој Тиоте од Твенте, 24 годишен играч за врска од Брегот на Слонова Коска, играл и на Светсково 2010, ја не го знам, ако некој го гледал нека пише нешто повеќе.

И за крај, херојот на денот, новата 9-ка на гордоста на северо-истокот, Енди Керол:
 
В

Вори

Гостин
Мило ми е што ги искинавте Астон Вила, оние кој секоја година се борат за влез во Европа.
Само така и да се разбие монотонијава (Манчестер, Челзи, Арсенал, Ливерпул). :)
Ауффф,па во Италија колку е интересно,секоја сезона нов шампион има,да ти е ќејф да гледаш :))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom