Дечки имав испити па ме немаше долго на темава, ама сега повторно че се реактивирам. Не ги гледав последниве натпревари на Њикасл, читав извештаи по интернетов и што да кажам, повеќе од пријатно сум изненаден. Мислам дека и најоптимистите не очекуваа ваков старт, сега за сега сигорно одиме, прво место, но ме плаши малиот играчки фонд што го имаме. Вторава лига во Англија има 46 кола, многу згуснат распоред и кога ќе почнат повредите ќе биде гадно. Ама тоа е што е, со Господ напред ексресно назад, па догодина со нов газда, по можност некој Арап па полека да создаваме екипа што ќе има некое влијание во Премиер.
Инаку, следен натпревар ни е веќе денес, т.е. вечерва во 20:45 во гости со Блекпул, екипа пласирана на 13 место, со една победа и две нерешени на домашен терен и гол разлика од 4:1.
Ќе биде тешко, ама со среќе нека ни е!