Можеби Конте не е крив поради пропуштените шанси, но е крив поради тоа што веќе кога ја одбрал 4-4-2 формацијата на крилните позиции требаше да стави класични крила, а тука пред Падоин, требаше да игра Естигарибија па и Красич или Елија.Се до постигнувањето на голот Јувентус играа одлично, имаа посед, акции. Кога го постигнаа голот, наместо да искористат тоа што и Киево се отвори и да си ги обезбедат 3-те бода уште во првото полувреме, тогаш и Јуве се опушти, нападот (пред се Вучинич) потроши доста топки кои можеше да ги искористи многу подобро, и тука е Конте крив што не ги притисна играчите да напаѓаат уште посилно, за второто полувреме да си беше само чиста формалност. Средниот ред денеска потфрли, Маркизио изигра лошо, а Пирло колку и да е класа неможи да ја држи цела средина. Во право е Конте за изјавата дека Јуве досега ги замина очекувањата од овој тим, но во никој случај не смеат да си дозволуваат кикс против Киево на домашен терен.
Овој Јуве е далеку од тој Јуве што беше минатите 2 сезони, и по менталитет и по игра. Против Киево играчите прерано се опуштија, ги потценија, и после тоа следеше израмнувањето, а после немаше време Јуве да возврати.