Фан Клуб: Јувентус

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Конте се врати дома


Поранешниот ас и капитен на Јувентус, Антонио Конте и официјално стана нов тренер на "старата дама", откако потпиша двегодишен договор.



"Му благодарам на клубот, и ова за мене е враќање дома. По седум години се враќам овде како тренер што секогаш беше мојот сон", беа првите зборови на прес конференцијата на Конте, кој на клупата го замени Луиџи Дел Нери.
"Имам идеи како да игра мојата екипа, сакам да го има поседот на топката и да настапува офанзивно. Духот на Јуве е жртвување, посветеност и култура на напорна работа", рече Конте.
Стратегот на Јувентус посочи дека има квалитетни играчи во составот, но ќе разговара со спортскиот директор Марота за нови засилувања.
"Андреа Пирло и Клаудио Маркизио се идеални играчи за Јуве и среќен сум што ги имам во тимот. Алесандро Дел Пјеро и Џиџи Буфон се докажани и тие се вистинска вредност на екипата. Тимот има основа и не треба некои револуционерни промени, туку на играчите им е потребна мотивација и да покажат желба за успех. На гласините дека сум неискусен тренер ќе го докажам спротивното и ќе ја искористам шансата што ми е дадена", заклучи новиот стратег на Јуве.
Антонио Конте играше за Јувентус цели 12 години од 1992 до 2004 година.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.443
Поени од реакции
87.157
Да се надеваме дека ќе го врати Јуве на старите патеки (y)
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Конте добредојде дома :)
- Не го сака Аквилани. Интересно. :) а Монтоливо?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
Ке го видиме ли ние Агуеро или слабоо :(
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
едно никогаш нема да заборавам - бев голем скептик околу ангажирањето на Пеп Гвардиола во Барселона во тешки моменти за тимот - овој успеа да го препороди тимот скоро преку ноќ и да направи најдобра игра можеби од кога фудбалот постои.......сепка мислам дека голема улога игра и во тоа што поголемиот дел од играчите се Каталонци,тука ги имаат почетоците на кариерата и тука заедно стигнаа до нивниот врв,задоволни се од престојот и не ни помислувале да го напуштат клубот за повеќе пари

Јуве треба да го превземат вистински јувентини (се надевам Конте ќе биде таков,такви му се изјавите) и конечно да почни вистинската реконструкција - како што рече и Конте - во менталитетот
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.443
Поени од реакции
87.157
Sluzbarski ти за Барса или за Јуве си? Гледам ова ти е прво мислење
 

commandante

diablo blue
Член од
16 мај 2008
Мислења
393
Поени од реакции
72
Ми се чини дека многу повеќе луѓе (поранешни играчи и други познавачи на фудбалот) го поздравија ангажманот на Конте одколку кога мината сезона беше ангажинарн Дел Нери или само мене така ми се чини?
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ми се чини дека многу повеќе луѓе (поранешни играчи и други познавачи на фудбалот) го поздравија ангажманот на Конте одколку кога мината сезона беше ангажинарн Дел Нери или само мене така ми се чини?
Многу јасно дека ќе го поздрават, пред се се пријатели со него. Живееле гоооодини заедно а Конте ужива голем афторитет кај нив (на половината од тие шо коментираа им бил капитен)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Sluzbarski ти за Барса или за Јуве си? Гледам ова ти е прво мислење
гледам фудбал од четирите најјаки лиги и во сите имам свој фаворит......ти да не си роден Торино случајно ??
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.443
Поени од реакции
87.157
гледам фудбал од четирите најјаки лиги и во сите имам свој фаворит......ти да не си роден Торино случајно ??
Добро де што се лутиш ако те прашам нешто?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Добро де што се лутиш ако те прашам нешто?
хах зашо љутење не знам,и не знам зошто навивање за еден клуб од европа кога си од Македонија ?! го гледам и пратам фудбалот исклучиво во најјаките лиги,екипите кои ми оставија впечаток оспочеток беа Јувентус,Барселона,Баерн и Њукасл и останаа мои фаворити во елитните натпреварувања......инаку сретнуваме доста по форумот што мислат дека се родени во некоја европска метропола,а всушност нивниот матичен фудбалски клуб со кој имале првпат контакт и љубов кон оваа игра е поранешен прволигаш во македонско првенство :D

П.С. не можев да се логирам со мојот вистински профил на новиот форум,па ова е нов профил
 
Член од
29 август 2009
Мислења
291
Поени од реакции
405
Ке го видиме ли ние Агуеро или слабоо :(
Ако пушти срце Марота можеби.Ама у последно време нешто многу се заќутеа околу него,по се изгледа ништо од големиот трансфер што го најавуваа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom