Фан Клуб: Јувентус

С

сашенко

Гостин
Им отиде едно место на жабарите за во ЛШ, од 2012/2013 дојчланд со 4 екипи :zid:
Неправедно.Италија има далеку поквалитетни екипи од германците ама се заебаваат на европските натпреварувања и не се воопшто сериозни и затоа им поклонивме едно место....
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
^ што неоправдано, сами си се криви. Носат глупи правила кои ограничуваат странци да доаѓаат, а со тоа и спречуваат влагање на квалитет во лигата. Епа со Џакомаци, Комото и сл. на нив нема квалитетно првенство.
+ тука е и фарсополи која ги осакати сите големи за да профитира само еден. Ама тоа е друг муабет...
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
освен ланскиот настап на Интер после пропаѓањето на Јувентус ниеден италијански тим не стигнал далеку во еврокуповите. дури се и убедливо надиграни од просечни тимови. одземањето на 4тото место е сосема заслужено,но дали Германија навистина го заслужува.... можеби со добивањето на место + ќе ги натера германците СЕ повеќе да вложуваат во нивните клубови и да си го задржат местото кое носи далеку поголем профит од ЛЕ
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Се знаеше дека ќе дојде ова.Заради неуспехот на италијанските екипи во ЛЕ(или успехот на германските,сеедно),ги казнија со одземање на место во ЛШ :tapp:.

Сосема е погрешно бодувањето што го прават,нека си има посебно бодови за ЛЕ,посебно за ЛШ.Швабите поише бодови земаа токму преку ЛЕ,во ЛШ 10 години немаат титула,само 2 финалиња 2002 и 2010.За разлика од италијанските екипи кои во последниве 10 години имаат 5 финалиња и 3 титули.

По логично ми е да им одземат на Италијанците 1 место во ЛЕ,и да им се даде на Гермаците ,отколку вака.:toe:
 

шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
освен ланскиот настап на Интер после пропаѓањето на Јувентус ниеден италијански тим не стигнал далеку во еврокуповите. дури се и убедливо надиграни од просечни тимови. одземањето на 4тото место е сосема заслужено,но дали Германија навистина го заслужува.... можеби со добивањето на место + ќе ги натера германците СЕ повеќе да вложуваат во нивните клубови и да си го задржат местото кое носи далеку поголем профит од ЛЕ
не само што не стигна далеку во лигата на шампионите дури и во лига евопа имови како милан пред 1-2 години и јувентус оваа сезона ич не се заинтересирани небаре е тоа некој селски куп .
Не може некој да си вика дека појака била италјанската ,точно и јас мислам така ама друго е реалноста и тиа како играат во европа ,и доувањето му ена место што е покусо германија од италија .
п.с на домашен терен сите екипи од италија(сампдорија не успеа ни класификации да помине и тоа од германски тим вердер )
милан интер и рома на домашен терен имаат негатива .Додека грманските екипи влегуваат во 1/8 финале по 3-4 екипи и стигнуваат далеку а и баерн минен е солиден во лигата на шампионите последните неколку сезони .
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.271
Поени од реакции
46.692
^ што неоправдано, сами си се криви. Носат глупи правила кои ограничуваат странци да доаѓаат, а со тоа и спречуваат влагање на квалитет во лигата. Епа со Џакомаци, Комото и сл. на нив нема квалитетно првенство.
+ тука е и фарсополи која ги осакати сите големи за да профитира само еден. Ама тоа е друг муабет...
После Калчополи италијански екипи во 2 наврати освоија ЛШ, германските ниту еднаш, од 2001 они таму немаат трофеј и имаат само едно финале, ланското на Баерн. После Калчополи во ЛШ италијанските екипи имаат подобри резултати од германските, разликата беше направена во Лига Европа каде италијанците со години се катастрофални, последен пат кога освоила италијанска екипа УЕФА Куп, сега Лига Европа било во далечната 99та а од тогаш до денес они немале ниту 1 финалист.
Не можеш да ме убедиш дека Калчополи е виновно за тоа што Јувентус не може да биде пред 9та екипа од Полска, или Палермо не може да се справува со села без кучиња, или Рома не може да го елиминира дома Панатинајкос и тн и тн.
Фактите велат дека констатно Италија губи поени таму, не во ЛШ, тоа и Галијани го потенцираше, дека тоа натпреварување е клучот зашто во иднина Италија ќе го загуби ЛШ местото.
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Сезоната за Сисоко е завршена.Имал некои проблеми со левото колено,и ќе мора на операција.
И Ринаудо кој две утакмици дали има изиграно сезонава ќе иде под нож,поради проблеми со Ахиловата тетива.:tapp: ЛИНК

Повреда на десниот мускул заработил и Аквилани.линк

Во следниве часови ќе се испитува сериозноста на повредата,али изгледа дека ќе го пропушти утрешниот меч со Болоња.
Неговото место во средината ќе го завземе Маркисио.
 
С

сашенко

Гостин
Пак повреди, што и да направиме колку и да ни се даде надеж мала пак ке се повреди некој и се во вода паѓа.Веќе ја завршивме оваа сезона, нека иде у архива како неуспешна и џабе толку лажења и ебавања по медиумиве пак ништо не направивме.Не верувам ова ни за пасторе што го слушам, се е гола вода.Ако не се превземи нешто под хитно ке се каеме многу и џабе ке ни е целата работа после
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
После Калчополи италијански екипи во 2 наврати освоија ЛШ, германските ниту еднаш, од 2001 они таму немаат трофеј и имаат само едно финале, ланското на Баерн. После Калчополи во ЛШ италијанските екипи имаат подобри резултати од германските, разликата беше направена во Лига Европа каде италијанците со години се катастрофални, последен пат кога освоила италијанска екипа УЕФА Куп, сега Лига Европа било во далечната 99та а од тогаш до денес они немале ниту 1 финалист.
Не можеш да ме убедиш дека Калчополи е виновно за тоа што Јувентус не може да биде пред 9та екипа од Полска, или Палермо не може да се справува со села без кучиња, или Рома не може да го елиминира дома Панатинајкос и тн и тн.
Фактите велат дека констатно Италија губи поени таму, не во ЛШ, тоа и Галијани го потенцираше, дека тоа натпреварување е клучот зашто во иднина Италија ќе го загуби ЛШ местото.
Знаев! :pos:

Калчополи ги уништи најјаките италијански тимови во тој момент на економски план пред се, ако не беше.... ај заеби ме мрзи пак муабетов да го правам.


Друго, лимитот на 1 (еден) странец по сезона е најморонското правило што некогаш го донела FICG. -во превод, сам себе го убиел.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
После Калчополи италијански екипи во 2 наврати освоија ЛШ, германските ниту еднаш, од 2001 они таму немаат трофеј и имаат само едно финале, ланското на Баерн. После Калчополи во ЛШ италијанските екипи имаат подобри резултати од германските, разликата беше направена во Лига Европа каде италијанците со години се катастрофални, последен пат кога освоила италијанска екипа УЕФА Куп, сега Лига Европа било во далечната 99та а од тогаш до денес они немале ниту 1 финалист.
Не можеш да ме убедиш дека Калчополи е виновно за тоа што Јувентус не може да биде пред 9та екипа од Полска, или Палермо не може да се справува со села без кучиња, или Рома не може да го елиминира дома Панатинајкос и тн и тн.
Фактите велат дека констатно Италија губи поени таму, не во ЛШ, тоа и Галијани го потенцираше, дека тоа натпреварување е клучот зашто во иднина Италија ќе го загуби ЛШ местото.
Мхм. Артиклот од Трач.ком
Патетика од правила на Уефа.

Можеби Јувентус и неможеше да го победи Лех нема да се расправам на таа тема. Со оглед дека успеаја да зебат со Лече да претпоставиме дека Јуве не е способен.
Кај се тука Палермо, Сампдорија и Наполи. Неможи некој да ми кажва дека овие неможат да ги поминат оние групи.
Сампдорија да потфрли со еден Металист, а Палермо со таму Кипарски, Чешки екипи беше ако добро памтам. Она шо го играат овие екипи е то шо му дава цврстина на италијанското првенство.
Да скратам Јувентус, Палермо, Рома, Милан, Наполи неможат и не сакаат на нивни грб да го спонзорираат италијанскиот фудбал. Размисли која инвестиција е да играш непотребни натпревари сред недела. До душа баш вашиот Мурињо беше прв шо плачеше во Италија дека играле многу мечој па федерацијата им преместуваше во петоци и во понеделници да играат за да се одмараат.
Она шо го добива едно првенство од Еуропа е премногу, ама она шо го добива еден клуб е трошки особено кога тоа оди на сметка на нивниот пласман во Серија А.

Да свртам малку на муабето на Моџи.

Пред 5-10 години Италија имаше минимум 1 претставник во полуфинале.
Последните 3 со исклучок на Интер лани, италијанските екипи стигнуваат максимум до осминафинале.
Оние поени кои ги носеа Милан и Јувентус пред 2006 со нивниот стандарден висок пласман во ЛШ и некој просечен пласман на Интер , Рома во осминафинале од то време сега Интер неможи да ги искупи со една титула.(јеби га правила)
Од 2006 наваму нема потреба да ти кажвам колку е уништен Јувентус, колку Силвија не инвестира во Милан поради то шо знај дека нема да му се исплати инвестицијата поради мафијашката политика на пиунчињата на Интер во калчото. Рома е посебна приказна па нема да ги гибам.

Успесите на Италија во однос на титули се истите 1 титула на некои си 4 години.
НеУспесите на Италија во однос на генерален пласман на екипи се исти на Интер (сем лани), и многу паднати на другите кои беа уништени.

Италијанскиот фудбал со ваков распоред е паднат доволно дa 3класна екипа да дојди да е појака ок оние кои 20 години на нивни грб го носеа Италијанскиот фудбал како најдобар во светот.
Накратко паролата на Моџи: Во Фарскополи жртвувани беа зверој од екипи за да се задоволат апетитите на лаком газда на третокласна екипа од италија да освој едно трофејче надвор благодарение на комплетна растеретеност од замарање во домашно првенство, скандалозен меч со Барса и фантастично добро подредени звезди на небото.
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.528
Поени од реакции
4.427
^ sega ocekuvaj demant i eden kup (FAKTI) od edno 20 interasi od sosedniot fan klub hahahahahah
 
С

сашенко

Гостин
^ sega ocekuvaj demant i eden kup (FAKTI) od edno 20 interasi od sosedniot fan klub hahahahahah
Правени се овие муабети и се знае каков е нивниот став за ова.Нема шанси на тема калчополи да делиме исто мислење никогаш со нив затоа што они имаа најголема добивка од тоа и кога ке го споредив нивиот тим од 2005/6 со овој денес или тој од лани ке сватиш колку само они добија и зошто таков став имаат.Некои од нив се разбираат од фудбал малце од малце па не сакаат да пишуваат зашто колку и да се навивачни едноставно што не иде не иде па си отануваат паметни и не пишуваат ништо.Ако не пишат ништо може било кој од постарите членови на форумов од јувентус да ти напише пост како би изгледал коментар на интераш за ова прашање зашто се знае на памет што би пишале...секоја чест на исклулоци што си молчат..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom