За разлика од Џиџи кој сеуште одолговлекува со својата финална одлука, Лихтштајнер рече дека ова му се последните 14 дена во дресот на Јувентус
Кариерата ќе ја продолжи надвор од Италија (најверојатно Франција). Секоја чест за тоа што го направи во овој дрес, првиот асален SB/WB што сме го имале уште од времето на Турам/Ѕамброта/остарениот Песото. Еден од луѓето што беа темел за она прво скудето после мачните години во пост калчополи ерата. Пргав, брз, арогантен во играта, кондиционо спремен да одигра 180 минути ако треба за тимот, ораше напред назад, што можеш друго да побараш од еден SB? И во својата 34та година пак ни беше најдобар бек, дека Де Шиљо за кур не го бива, ебаму миленичето на Алегри.
Последниве 2 сезони беше паднат со формата, мора да се признае, али на дуелот со Тотенхем на Вембли барем за миг потсети на оној стар Стефан, кога зема да им ја вади душата на фудбалерите среде Лондон.Никогаш нема да го заборавам јазикот кога го испружи на земја... Дел Пиеро го вадеше јазикот при прослави

, али Лихтштајнер тоа го правеше за да земе воздух

, не е мала работа 90 минути да држиш цела една страна во тимот.
Нашиот Форест Гамп, со среќа во понатамошната кариера :'(
@Mr. Mojo Risin' ОУУУУУУ ЈЕААААААХ
