Се поизвесно станува заминувањето на КАПИТЕНОТ. Знам дека кога и дефинитивно нема да му го продолжат договорот ќе плачам како мало дете затоа што сум емотивно приврзан кон човеков. Едноставно израснав гледајќи го во црно-белиот дрес. Алекс го одбележа моето детство. Имаше и низа други одлични играчи кои го носеа дресот на Јуве ама за мене отсекогаш постоеше само една ЛЕГЕНДА. Се погоди да му ја следам цела кариера во дресот на Јуве. Го засакав како да ми е постар брат. Се уште се надевам дека Ањели некако ќе се предомисли и ќе му овозможи да ја заврши кариерата меѓу своите, меѓу оние кои го сакаат ама па од друга страна гледам дека шансите за тоа се минимални, речиси никакви. Тешко ќе го поднесам моментот кога и дефинитивно КАПИТЕНОТ веќе нема да биде дел од ЈУВЕ.