Ајде после некое време и јас да прокоментирам нешто, цело време читам и нон стоп се врти истиот муабет дали ќе биде нешто од ЈУВЕ оваа сезона, мое мислење е дека апсолутно ништо нема да биде, играчкиот кадар е сосема солиден(со исклучок на бековите) но тренерската функција во клубот барем според мене е најслабата точка, 2 натпревара по ред Дел Нери прави круцијални грешки, едно не ми е јасно сака да ја добие Сампдорија во последните 15 минути а ги вади двата најдобри играчи, гледа дека не може ништо да направи преку средина туку само преку крилата и тој баш тие ги вади, поголема глупост од таа не сум видел, со такви потези јас искрено најмногу што се надевам е 4 место и тоа ќе видиме дали ќе биде достижно, јас незнам каква е оваа преродба кога во последните 3 години не се доведе еден асален дефанзивец(без разлика што во тоа време беше друга управа), бековите ни се ужас веќе четврта сезона, така екипа не се прави, се знае во Италија, кој ја има најдобрата одбрана тој го освојува и скудетото, неможам да го споредам Де Челие со Киву ниту пак Мота со Занети, со две класи се послаби од нив, кога ќе се вземе во предвид и незаинтересираноста на голем дел од играчите ќе имаме повторно бурна сезона со многу нервози. Тим кој прима 3 гола на домашен терен и тоа сите ефтини голови не може да се надева на ништо. Четири години поминаа а јас не видов ништо подобро во овој нов ЈУВЕ, незнам како очекуваат фановите да бидат оптимисти кога самиот Дел Нери изјавува дека ЈУВЕ нема капацитет за скудетото, треба самиот да се преиспита дали клубот нема капацитет или пак самиот тој, мое мислење е доколку беа доведени два солидни бека и тренер од нешто повисок ранг ЈУВЕ итекако ќе имаше шанса за скудето, вака се се врти во круг, од трн па на глок.